Британската полиција соопшти дека истрагата за смртта на поранешниот руски олигарх Борис Березовски ќе биде покрената на 28 март.
Во текот на истрагата ќе бидат разгледани доказите за случајот и причините за смртта, jaвува Слободна Европа.
Телото на Березовски беше пронајдено во неговиот дом во близина на Лондон, а аутопсијата покажа дека причината за смртта била бесење.
Но, полицијата не соопшти дали Березовски самиот се обесил.