Брод што плови под британско знаме тоне во близина на грчкиот остров Милос, во тек е спасувачка операција за 17 патници, соопшти грчката крајбрежна стража.
Во спасувачката операција учествуваат неколку бродови и воен хеликоптер.
Сè уште не е позната причината за бродската несреќа, а исто така не се знае ниту националноста на патниците.