Бројот на загинати во досега најголемите поплави во Бугарија се згоелми на 14 луѓе, меѓу нив и две деца. Во Варна но властите стравуваат дека бројот може и да се зголемува бидејќи многу лица се водат за исчезнати.
Поројните дождови целосно ја уништија приморската населба Аспарухово,а околу 25 илјади жители од овој дел од градот останаа без струја, а во прекин се и телефонските врски.
Според Министерството за внатрешни работи во градот Добрич, се удавиле три лица, но и во овој регион голем број жители се водат како исчезнати.
Од познатото летувалиште Албена биле евакуирани 1200 туристи од Германија, Русија, Велика Британија и други земји со камиони и хеликоптери, откако еден хотел беше поплавен. Северно од Варна, во друг хотел остана блокирана група украински деца.
Парламентот во Софија за во понеделник прогласи еднодневна национална жалост.
Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, денеска испрати порака до бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев, изразувајќи солидарност во свое и во име на Еврокомисијата.