Двајца од ранетите во терористичките напади во Волгоград починаа во болница со што бројот на загинати се зголени на 33, објавува агенцијата Итерфакс.
Една бомба во неделата експлодираше на главната железничка станица, а другата вчера во еден тролејбус, според официјалните соопштенија во првиот напад загинале 18, а во вториот 15 луѓе.
Сеуште никој не ја преземе одговорноста за нападите, а руските власти го зголемија нивото на безбедност на железничките станици и на аеродромите. Москва е загрижена дека ова е почеток на насилствата пред почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи.
Олимписките борилишта се близу до регионот на северен Кавказ. Волгоград, поранешен Сталингард, се наоѓа на 900 километри јужно од Москва, 650 километри од северен Кавказ и 700 километри североисточно од Сочи.