НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бурк: Ќе служите како светол пример на другите земји кои го следат вашиот пат во Алијансата

0
By Нова ТВ on March 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Покажавте храброст, покажавте одлучност и упорност, горд сум што сум во истиот тим со сите Вас и целата Алијанса е посилна со вашето членство, сите сме посилни заедно, порача командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмиралот Роберт Бурк на свеченоста за одбележување на првата годишнина од членствот во НАТО во скопската касарна Илинден.

Адмиралот Бурк потенцира дека Алијансата е посилна поради нашите заеднички принципи и вредности и, како што рече, Вашата посветеност кон идеалите за слобода и демократија и Вашата цврста решеност да обезбедите мир и стабилност.

– Знам дека вие се надградувате на овие импресивни способности кои веќе ги имате и вашата уникатна експертиза и стручност, ќе биде одличен придонес за Алијансата. Знам дека ќе служите како сјаен пример на другите земји кои го следат Вашиот пат, рече тој.

Во обраќањето командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, истакна дека е тука за да оддаде почит и да се придружи на прославата.

– И не сум само јас. Предмалку видовме исклучителен приказ на поддршка од грчките воздухопловни сили како дел од НАТО Ер полисинг мисијата, а им се придружи целото НАТО за целосна почит на Република Северна Македонија на првата нејзина годишнина од приемот во Алијансата како наш 30-ти сојузник, потенцира Бурк.

Тој додаде дејка пред да стане сојузник, Северна Македонија долго време беше партнер и придонесувач за НАТО и за евроатлантската безбедност. Адмиралот Бурк се осврна на тоа дека нашата земја се приклучи на програмата на НАТО Партнерство за мир во 1995 година и започна акциски план за членство на Самитот во Вашингтон во 1999 година.

– Од тогаш вашата посветеност кон Алијансата се докажува одново и одново. Северна Макеоднија агресивно бара начини да придонесе кон стабилноста во регионот и пошироко, на многубројни начини како што е распоредувањето на ваши трупи во КФОР на Косово и мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“ во Авганистан и во Ирак, изајви меѓу другото Адмиралот Бурк.

Пред претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и останатите гости, адмиралот Бурк, потсети дека на овој ден лани генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Северна Македонија сега е дел од семејството на Алијансата, „семејство од 30 земји и речиси една милиајрда луѓе, семејство зановано на сигурноста и без оглед на предизвиците со кои се соочуваме, сите сме посилни и побезбедни заедно“. Бурк истакна дека целосно се согласува со тоа и посочи оти во осмата деценија на НАТО како најдолготрајна Алијанса во светот се соочуваме со времиња на предизвик и со комплексно стратешко опкружување.

Според него, надворешните чинители, наметливи соседи, како што рече, остануваат активни со директни импликации врз регионалната безбедност.

– Сепак останува нашата непоколеблива заложба дека секоја земја мора да биде слобода, да ги избере своите ебзбедносни аранжмани, вклучително дали да се приклучи или не на кој било договор или сојуз како што е НАТО, рече Адмиралот Бурк, додавајќи оти мора повеќе да се потрудиме да ги разбереме импликациите од земји како Кина по нашата безбедност и покрај тоа и понатаму ја гледаме постојаната сакана од тероризмот.

Тој наведе дека сите бевме сведоци на нови предизвици по нашата безбедност во форма како што е пандемијата КОВИД-19, но кога се соочуваме со тешки моменти, потенцира, смирува фактот што ја имаме поддршката од нашите пријатели сојузници.

– Како што стои во Северноатлантскиот договорот од 1949 година, основната цел е сојузниците на НАТО се цврстри во напорите за колективна одбрана и зачувување на мирот и безбедноста, нагласи адмиралот Бурк во обраќањето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.