Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брзата помош со расипани возила-за поправка одат по 4 милиони денари

0
By Менче Атанасова Точи on January 9, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постои опасност да запре распределбата на инсулини и вакцини за децата бидејќи возилата со кои се разнесуваат се стари постојано се расипуваат.  Само за овие дваесеттина цивилни возила Службата за итна медицинска помош троши четири милиони денари денари годишно за сервисирање, потврдија за НОВА во Здравствен дом Скопје.

„ Фактурите се на четири милиони денари само за сервисирање и поправка на овие возила. Иако не се користат секој ден, постојано се расипува по некое возило. Доколку овие возила застанат ќе запре и доставата на инсулини и вакцини, нема да има медицинска помош за луѓето во руралните места“, изјави за НОВА, Злате Мехмедовиќ директор на Здравствен дом, Скопје.

Но, лекарите кои работат во Службата за итна медицинска помош се жалат дека постојано се расипуваат и возилата со кои одат на терен, а се работи со помалку екипи бидејќи лекарите се повеќе си заминуваат од таму.

„ Уморни сме од работа, а возилата постојано се расипуваат. Во нив нема опрема што ни е неопходна за спасување на живот. Имаме дефицит на функционални возила и на доктори. Тие што останавме работиме и за тие што заминаа. Сабота и недела не ни ги плаќаат. Само 6-7 возила се функционални, друго се е половично и не се сервисираат. Имаме помалку возила од медицински екипи. Тоа е многу малку за Скопје, така страдаат пациентите. Некаде може и да настрадаме од нервозни граѓани поради доцнење “, тврдат за НОВА, лекари кои сакаа да останат анонимни.

Раководителот на Службата за итна медицинска помош, Милица Бубало вели дека располагаат со 21 возило, од кои 14 се купени пред пет години, а останатите се стари. Таа тврди дека Службата во моментот располага со 8 до 9 екипи, поделени во 5 групи. Поради застареноста на возниот парк, што подразбира и почесто сервисирање во одредени моменти може да се случи да има помал број на возила од екипи, вели Бубало.

„ Со моето доаѓање на местото раководител увидов дека службата се соочува со сериозни проблеми и недостатоци кои мора што побрзо да се решат. Тоа се обновување на возниот парк, поправка(доколку е можна и исплатлива) на старите возила, зголемување на бројот на екипите, обновување на апаратурата, како што се нови ЕКГ апарати, дефибрилатори и слично, набавка на униформи на екипите, како и подобрување на условите во просториите во кои што работат и престојуваат медицинските екипи“, изјави за НОВА Милица Бубало, раководитела на Службата за итна медицинска помош.

Во светот ЦПАП, односно континиуран воздушен притисок се користи во итни случаи при срцева слабост или респираторни проблеми и може да спаси многу животи. Кај нас возилата немаат основна опрема. Недостауваат ЕКГ апарати, дефибрилатори и слично.

Директорот Злате Мехмедовиќ, вели дека едно санитетско возило чини 70 000 евра, а за десет колку што имаат потреба,  потребни се 700 000 евра, што Здравствениот дом ги нема. Тој најави дека неделава ќе има средба со министерот за здравство Венко Филипче на кого ќе му ги изнесе проблемите.

„Има зголемен обем на работа и затоа потребни се повеќе возила. Очекуваме дека ќе ни се даде помош“, изјави Мехмедовиќ.

Во 2016 година кога претходната власт направи масовни вработувања беа ветени 12 нови санитетски возила. Овие возила Службата за итна медицинска помош никогаш не ги доби.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.