„Промените продолжуваат“ на Кирил Петков постигнаа голем успех, иако се нова партија. После третите избори, Бугарија ќе добие политичка влада, вели специјалниот претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски во емисијата „Топ тема“.
Специјалниот претставник на Владата за преговорите со Бугарија вели дека најверојатно новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков ќе постави свој близок човек за министер за надворешни работи, кој ќе помогне во преговорите на Бугарија со Македонија.
-Петков вели дека најдобра личност за тоа би бил Даниел Лорер, кој има исклучителни познавања и е негов најблизок соработник. Беше во неговиот кабинет кога беше министер за економија во првиот технички кабинет на Јанев. Тој е евреин, има дипломирано на Универзитетот во Тел Авив и се говори дека има искуства во преговорите и дека е идеален човек за решение. Петков вели дека тој ќе се залага за подобрување на состојбите на Бугарите во Македонија, притоа свесен дека менувањето на Уставот не е единствено решение, рече Бучковски.