Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бучковски: Имаме закон и резолуција за неправдите од комунизмот кои треба да ги искористиме пред Бугарија

0
By Нова ТВ on November 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Сакам да кажам дека во Бугарија се пренесуваат и изјавите на Зоран Заев, како градоначалник на Струмица, кој има изјавувано дека понекогаш му пречи тоа што на некои споменици пишува бугарскиот фашистички окупатор. Треба да видиме дали е точно дека во изминатите години имаме 15 до 20 споменици на кои е избришана формулацијата „бугарски“, за да дадеме поттик во духот на Договорот за соработка и да не ја лепиме таа етикета на сите Бугари. Ние Македонците забораваме дека Комунистичката партија која го создаде Антифашистичкото движење, кое ни ја донесе победата, слободата, ни го донесе АСНОМ, од 1934 година од Коминтерната до формирање на првите партизански одреди беше силно помогната од Комунистичката партија на Бугарија. Ние во 2005 година го рехабилитиравме Методија Шаторов Шарло. Рехабилитацијата и Каракачанов ја споменува постојано.

-Во 2005 година ние имаме Закон за обештетување на репресираните од комунистичкиот режим. Во 2006 година кога спикер во парламентот беше Љупчо Јордановски, на предлог на Стојан Андов, имаме Резолуција донесена според Резолуцијата на Советот на Европа, таа е за осуда на неправдите од комунизмот. Таа може да не покрие во тој дел што го споменуваат Бугарите. Или не обвинуваат дека не се грижиме со сето внимание кон нивните гробишта од првата светска војна, кои се споменуваат, на пример во Ново Село.

-Многу повеќе имаме направено од тоа што го има Бугарија направено, но сме свесни дека тие се дел од клубот, а ние сакаме таму да влеземе, во нерамноправна позиција сме, но нашата упорност и трпеливост мора да се одлика на македонската влада и македонската политика во овој период.“- изјави поранешниот премиер, Владо Бучковски, во вестите на Сител.

Бучковски, кој деновиве престојувал во Софија и имал телевизиски настапи, смета дека проблемите тежат 50 години, и дека причина за ваквиот став на Бугарија не се само претстојните избори.

„ За истите овие политичари мислевме дека се наши, за Захариева дека е на наша страна затоа што кога претседаваа они во ЕУ, таа постојано го враќаше на дневен ред прашањето за проширувањето на ЕУ, но сега се сменија работите. Ако се направат подлабоки анализи во изминатата година е поинаку, прво мислевме дека тоа е заради локалните избори во Бугарија, сега мислиме затоа што им се ближат парламентарните избори, но има и наталожено проблеми кои тежат пет децении. И сега они мислат дека треба да ги истестираат овие политичари, медиумите, јавноста, дали сме ние спремни да најдеме заеднички личности кои ќе потврдат дека навистина сме блиски.“- дополни Бучковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.