Владо Бучковски: Тоа што ние требаше досега да го направиме, веројатно требаше да почнеме процес, согласно нашите законски прописи, на правна рехабилитација на неколку битни личности од поновата историја, битни семејства и за она што го делат заеднички Македонија и Бугарија.
Да речеме, за мене би било исклучително важно да дојде до правна рехабилитација на семејството на Венко Марковски, да дојде до правна рехабилитација на семејството на Богдан Поп Ѓорчев, да дојде до правна рехабилитација на личностите и нивните семејства, на академикот Богомил Гјузел.
Ние мора да признаеме дека и во нашата понова историја во времето на револуционерната правда, по Втората светска војна, има повеќе политички монтирани процеси, каде што, „ванчомихајловистите“, биле драконски казнувани.
Извор: Рацин.мк