Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бучковски: Нема никогаш да влеземе во ЕУ ако треба да признаеме дека Гоце Делчев е Бугарин ВИДЕО

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема да влеземе во Европската Унија ако мораме да признаеме дека Гоце Делчев е Бугарин, истакна поранешниот специјален преговарач на С. Македонија со Бугарија, Владо Бучковски, во интервју за бугарскиот медиум Нова, одговарајќи на прашањето што ќе се случи доколку Софија инсистира Скопје да признае дека револуционерот е Бугарин како услов за членство на земјата во ЕУ.

– Имам голема почит кон Гоце Делчев поради начинот на кој растевме ние Македонците – со митот, легендата за големиот апологет. Но, од друга страна, Гоце се борел за слобода не само во Македонија, туку и во Одринско. Тој е големиот револуционер, кој мислам дека е фигурата што ја прикажува нашата заедничка историја. Па ако ни биде поставен услов да признаеме дека Делчев е Бугарин во замена за членство во Европската Унија, тогаш Македонија никогаш нема да биде членка на ЕУ. Мислам дека тоа не е патот кој нѐ води кон целта – истакна Бучковски.

Тој вели дека Гоце Делчев би се срамел ако види на кои теми се расправаат Македонците и Бугарите.

– Би се срамел и мислам дека и сега се превртува во гробот, поради неговите идеали, поради неговите идеи. Денес тој би бил еден од најголемите космополити. Во време кога двете влади демонстрираат волја со нова методологија да зборуваат не само за историјата, туку повеќе да зборуваат за иднината, мислам дека опозицијата во нашиот парламент прави нешто што не треба да се прави во овој момент – истакна Бучковски, алудирајќи на неодамнешната парламентарна седница на која дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се појавија облечени во маици на коишто беше испечатен ликот на Гоце Делчев

Видеото може да го погледнете на следниов линк.

БУЧКОВСКИ Гоце Делчев ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.