Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно – опозициските партии да соработуваат во вториот круг

0
By Zoran Ivanov on October 21, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Во однос на тоа како СДСМ може да се врати во игра, Бучковски смета дека е потребна длабока анализа: „Како би се вратил во игра и како би стигнал до 300.000 гласови – кои се неопходни да бидеш компетитивен со ВМРО-ДПМНЕ – е прашање на кое треба да се дадат посериозни одговори. Треба да се види каде е зголемувањето на гласовите, каде е потфрлувањето, што се случи во Скопје, во Битола, во Куманово, и дали беа направени погрешни проценки за дел од кандидатите.“

Владо Бучковски направи детална анализа на локалните и парламентарните изборни резултати, споредувајќи ги бројките и потенцијалите на двете најголеми партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, анализираше експремиерот во гостувањето во емисијата „360 степени“ што е емирува на МТВ.

„Ако играме со бројки,“ рече Бучковски, „тогаш треба да кажеме дека на последните парламентарни избори разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ беше минус 290.000 гласови. Едните освоија 440.000, другите 150.000. Сега, ако се гледа според актуелните резултати, разликата се намалила – дефинитивно, според мене, ВМРО-ДПМНЕ, го цитирам премиерот, два дена пред изборниот молк предвидуваше меѓу 350 и 360 илјади гласови. Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно.“

Според него, СДСМ овојпат добил помалку гласови од очекуваното, но сепак успеал да го запре трендот на континуиран пад.
„Ако се држиме до најавувањето на СДСМ,“ посочи Бучковски, „тие имаат помалку од 140.000 гласови во однос на парламентарните избори, односно 50-60 илјади помалку од предвидувањата. Но мислам дека го сопреа понатамошниот пад. Ова за мене не е консолидација, како што вели претседателот Филипче, но е показател дека СДСМ моментално располага со поддршка од 120.000 до 130.000 гласачи.“

Тој потсети дека СДСМ на претходните избори настапил со поголем одзив и со коалициони партнери кои сега се надвор од сојузот.
„ЛДП, ГРОМ и Интегра имаат на советничките листи во Скопје поголем број на гласови од ЗНАМ. Коалицијата ја напуштија и партијата на пензионерите и партијата на Власите,“ нагласи Бучковски.

Во однос на тоа како СДСМ може да се врати во игра, Бучковски смета дека е потребна длабока анализа:
„Како би се вратил во игра и како би стигнал до 300.000 гласови – кои се неопходни да бидеш компетитивен со ВМРО-ДПМНЕ – е прашање на кое треба да се дадат посериозни одговори. Треба да се види каде е зголемувањето на гласовите, каде е потфрлувањето, што се случи во Скопје, во Битола, во Куманово, и дали беа направени погрешни проценки за дел од кандидатите.“

Левица е изненадување – Мециновиќ допре до младите

Бучковски посебно го истакна резултатот на пратеникот Амар Мециновиќ од Левица, кој влезе во вториот круг на изборите за градоначалник на Скопје.

„Мециновиќ иако не е познат на пошироката јавност, е исклучително познат во круговите кои ги следат ораторските вечери на Правниот факултет во Скопје. Тој е еден од победниците на ‘Ораторската вечер Иво Пухан’ – одличен кандидат кој имаше различна кампања, бидејќи беше елиминиран од традиционалните медиуми, а Левица максимално ги искористи социјалните мрежи,“ рече Бучковски.

„Ако се гледаат неговите куси видеа – дневно имаше по неколку пораки – тие допреа, пред сè, до младата популација. За мене тоа е пријатно изненадување,“ додаде тој.

Потребна е нова логика на соработка

Во однос на вториот изборен круг, Бучковски оцени дека ќе се отвораат нови политички калкулации.
„Тоа отвора прашања како ќе настапуваат опозициските партии. Прагматично и логично би било Левица, СДСМ, ГРОМ и ЛДП да соработуваат во Скопје,“ рече тој.

Бучковски оцени дека опозицијата има реална шанса да победи во Центар и Карпош, додека во Аеродром се очекува „интересна битка“.
„Очекувам Трајановски да ги покаже своите капацитети и да биде еден од идните лидери на СДСМ,“ истакна тој.

СДСМ треба да го потврди достигнатото и да се фокусира на анализа

„Уште не се завршени изборите,“ предупреди Бучковски. „СДСМ треба да направи сè што е во негова моќ да ја потврди победата таму каде што се први, а таму каде што влегуваат како втори – да дадат сè од себе за да ја зголемат бројката на градоначалници.“

Во поширок контекст, тој направи споредба со состојбата во соседна Србија:
„Наизглед заличуваме на Србија, но ако се погледнат внимателно резултатите – владејачката коалиција има околу 430.000 гласови од излезени близу 900.000 гласачи. Тоа значи дека оние што се против власта, а не се обединети, имаат повеќе гласови.“

Филипче заслужува шанса да го истера мандатот

На крај, Бучковски ја коментираше и улогата на актуелниот лидер на СДСМ:
„Мислам дека треба да се даде шанса на Филипче да го истера до крај својот мандат, бидејќи успеа во исклучително тешки околности да го сопре понатамошниот пад на СДСМ. Тоа го сметам за негова заслуга,“ рече тој.
„Зошто резултатот не е подобар – тоа е прашање за анализа,“ додаде поранешниот премиер.

Извор: МТВ – / 360 степени

анализа Владо Бучковски локални
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.