Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Буџет за 2020: Тежок 3,9 милијарди евра-над половина во човечки капитал

0
By Нова ТВ on November 12, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Буџетот за наредната година ќе изнесува 3,9 милијарди евра, а во фокусот ќе биде човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор. Педесет и шест отсто од вкупните буџетски расходи ќе одат во области врз кои се потпира човечкиот капитал.

Предлогот што доби поддршка од Владата го претставија денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев и министерката за финансии Нина Ангеловска, и тој ќе биде испратен во Собранието.

Премиерот истакна дека во средиштето на вниманието кога се креираат политиките се граѓаните и растот на стандардот и дека политиките во наредната година ќе бидат посветени на човечкиот потенцијал.

– И ако прашате зошто овој буџет се разгледуваше на две седници. За секој денар на граѓаните се водеше сметка каде ќе биде најдобро и најпродуктивно искроистен во полза на придобивките на нашите граѓани. Сепак, капиталните инвестиции остануваат повеќе од 23 милијарди денари која е вообичаената ставка во буџетот. За да биде скроен по мерка на граѓаните, вој буџет е влог во луѓето, во човечкиот капитал, рече Заев.

Министерката Ангеловска го оцени како реален предложениот буџет за наредната година.

– Причината поради која поддршката на човечкиот капитал е во фокус, односно вложување во граѓаните и создавање подобри услови за живот, е предизвикот со кој сме соочени како земја: да го задржиме и надградиме нашиот човечки капитал. Доколку не вложуваме континуирано во човечкиот капитал, како земја нема да имаме работна сила подготвена за работните места на иднината, нема да бидеме конкурентни со светската економија и нема да може да го одржиме економскиот раст. Свесни сме дека како земја според индексот на човечки капитал, кој ја мери потенцијалната продуктивност на детето согласно инвестираното во него преку здравството, образованието и социјалната грижа, заостануваме во регионот. Добар буџет, е оној буџет кој ги адресира приоритетите – а приоритет за раст и напредок на земјата е човечкиот капитал, рече министерката за финансии.

Ангеловска посочи дека буџетскиот дефицит за 2020 година е определен на ниво од 2,3 отсто, односно на пониско ниво од годинава за која е проектиран дефицит од  2,5 отсто и 2018 година кога беше 2,7 отсто. Ова, според министерката, е важен показател на силната определба за фискална консолидација, проследена со натамошна буџетска дисциплина и обезбеден значителен фискален простор за поддршка на домашната економија и граѓаните и инфраструктурни проекти.

Проекциите во буџетот се правени врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8 отсто од БДП, кој се базира на растот на приватната потрошувачка, извозот и инвестициите – јавни и приватни.

Од 1 јануари се зголемуваат пензиите

Од први јануари ќе се зголемуваат и пензиите, и тоа за 850 до 900 денари.

Како што рече Заев, ова зголемување на пензиите е во рамки на законските усогласувања со дополнителен раст од 150 до 180 денари во 2020 година на номиналното зголемување на пензиите од 700 до 730 денари, а е резултат на економските параметри, односно зголемувањето на просечната и минималната плата.

Дополнителните детали за зголемувањето на пензиите дополнително ќе ги соопшти министерката за труд и социјална политика Мила Царовска

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

81 година слободно Скопје

ВЕСТИ November 13, 2025

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и…

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.