Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Буџетски колач 2020 година – по кој основ и како ќе се трошат парите

0
By Соња Трајковска on November 18, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе пари за Претседател на државата, за Министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за надоврешни работи, за правда, за труд и социјална политика, за образвание, здравство, за економија, дури двојно повеќе пари за Министерството за финансии – функции на држава. Со новиот Буџет за 2020 година дел од институциите, министерствата, агенциите, инспекторатите во однос на годинешниот основен Буџет добиваат повеќе пари, но дел – со намалени расходи.  Нови буџети ќе имаат и новите : Агенција за национална безбедност, Агенција за употреба на јазици како и Инспекторатот за употреба на јазици. „Порталб“ ги анализира расходите по буџетски крисници – кој и колку ќе добие од новиот буџетски колач и и по кој основ ќе се трошат парите?

Сиромаштија, реформа на администрација, инвестиции во образование

За  11-те владини програми дефинирани во Буџетот планирани се средства во висина од 670 000 000 евра додека за оставрување на Развојниот дел од Буџетот одвоени ќе бидат 461 000 000 евра.

Така, преку владината програма за „децентрализација“ планирани се средства во износ од скоро 350 милиони евра, за спроведување на мерки за намалување на сиромаштијата 62,2 милиони евра, за економски развој планиран е износ од 97,7 милиони евра кој доминира во расходите за Владините програми, потоа за интеграција во ЕУ во однос на годинава планирани се средства повисоки за скоро четири пати, во износ од 73,6 милиони евра,  за реформа во јавната администрација 9,8 милиони евра.  За унапредување на животната средина преку Владината програма се одвојуваат 5,1 милиони евра, додека пак за инвестиции во образование кои опфаќаат изградба и реконструкција на основни и средни училишта, изградба на училишни спортски сали, реконструкција на ученички домови и изградба и реконструкција на студентски домови, се планирани 13,3 милиони евра.

Преку развојниот дел од буџетот најмногу пари е планирано да се одвојат за:

-Министерство за транспорт и врски – 82,4 милиони евра

-Министерство за финансии – фукнции на државата – 66,5 милиони евра

-Министерство за одбрана – 37,6 милиони евра

-Министерство за здравство – 22,2 милиони евра

-Агенција за вработување на Република Северна Македонија – 21,3 милиони евра

-Министерство за образование и наука – 16,6 милиони евра

-Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – 13,3 милиони евра.

Делба на буџетски колач

Со основниот Буџет за 2020 година, кој не ги вклучува самофинансирачките извори, кредитите и донациите, во однос на годнешниот Основен Буџет, дел од министерствата и аганциите ќе добијат помалку пари. Креаторите на Буџетот за 2020 година најавија дека во новата буџетска година прироитет ќе имаат здравството, образованието и социјалната заштита преку “инвестиции во човечки капитал“.

Сепак, за дел од буџетарите се проектирани помали расходи, односно трошења. Во оваа група се: Комисијата за заштита од дискриминација догодина ќе троши буџет од  245 500 евра, Влада на Република Северна Македонија која со Основниот Буџет ќе има на располагање 60,2 милиони евра, Инспекцискиот совет со Буџет од 350 000 евра. Значајно намалување има на расходите Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на ниво на 934 000 евра за разлика од годинашните 3 милиони евра.  Се намалува буџетот на Заводот за статистика која ќе биде на ниво од 4,9 милиони евра.

Кај Министерството за транспорт во однос на овогодишниот основен Буџет има намалување, па така овој ресор преку Основен буџет ќе може да потроши 30,1 милион евра, но догодина  се планирани и заеми преку ова министерство во висина од 52,8 милиони евра, а дополнително од донации се планирани 11,4 милиони евра, со што вкупните расходи на Министерството за транспорт и врски догодина се позиционирани на ниво од 94,4 милиони евра.

Со новиот Буџет планирано е позначајно зголемување на расходите на Агенција за примена на јазикот која ќе има на раполагање вкупни средства од скоро 100 000 евра  Агенција за нацонална безбедност со вкупни расходи од 7,6 милиони евра, речиси за пет пати поголеми во однос на годинава,  Инспекторат за упореба на јазици со двојно зголемен буџет во 2020 година од 170 000 евра. Буџет од 9,5 милиони евра ќе има на располагање новото Министерството за политички систем.

Според висината на вкупните расходи предничат Министерството за финансии – функции на држава, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за одбрана, Министерството за здравство и Министерството за образование.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.