Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Буџетскиот компромис на ЕУ преминува во рацете на Европскиот Парламент за зелено светло

0
By Нова ТВ on July 21, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Договорот постигнат рано утринава за седумгодишниот буџет на ЕУ и Фондот за закрепнување треба сега да биде одобрен од страна на Европскиот Парламент, a претседателот Давид Сасоли најави „подобрување“ на пакетот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европратеници в четврток ќе одржат вонредна пленарна седница на која прво ќе дебатираат за постигнатиот компромис, по што ќе започнат преговори помеѓу Парламентот и Советот до посигнување конечен договор меѓу двата коодлучувачи.

„Ова е договор без преседан помеѓу владите за оживување на европската економија. Мораме сега да работиме на подобрување на овие алатки, нема да се откажеме од амбициозна повеќегодишна финансиска рамка и јаснотија околу сопствените ресурси. Европскиот Парламент ќе работи на заштита на интересите на граѓаните на ЕУ“, твитна утрово Давид Сасоли откако беше обелоденет конечниот компромис.

За потсетување, земјите членки на ЕУ се договорија за седумгодишен буџет од 1,074 милијарди евра и Фонд за закрепнување во износ од 750 милијарди евра чија цел е да им помогне на земјите-членки побрзо и полесно да излезат од рецесијата во која е падната ЕУ поради коронавирусот.

Фондот за закрепнување иако остана на 750 милијарди евра како што беше предложено од Европската Комисија, со поддршка на Германија и Франција, е значајно послаб во делот на грантовите. Берлин и Париз настојуваа 500 милијарди да бидат во облик на грантови, конечно, под притисок на таканаречените „штедливи“ земји како Холандија, грантовите ќе изнесуваат 390 милијарди и ќе бидат придружени од строг реформски надзор од страна на Европската Комисија.

Грантовите претставуваат здружување на долговите на земјите-членки, концепт кој до сега беше неприфатлив ниту за Германија. Сега Берлин ја предводеше групата на земји кои бараа поголема солидарност. Иако „штедливите“ ја ограничија начелната амбициозност, многумина сметаат дека овој договор претставува уривање на едно од најголемите табуа во ЕУ – заеднички долгови.

Земјите-членки, исто така, успеаја да се договорат триесет отсто од расходите да бидат посветени на климатско дејствување.

За сега повеќето политички групи во Европскиот Парламент го поздравуваат постигнувањето на договорот и најавуваат „подобрување“ на конечните буџетски инструменти, но граѓанскиот сектор веќе почна да се огласува со критики, пред сè поради разводнетиот компромис во делот на владеење на правото, за што конечните заклучоци се залагаат дека ќе се навратат на прашањето и потсетуваат дека владеењето на правото е фундаментален принцип и вредност на Европската Унија.

Една од најжешките дебати со Парламентот се очекува да бидат и „сопствените ресурси“ на ЕУ буџетот, односно приходите на ЕУ кои не зависат од националните придонеси.

Конечниот заклучок наведува дека во наредните години ЕУ ќе работи на реформа на системот на сопствени ресурси. Прв чекор ќе биде нов приход врз основа на нерециклираниот пластичен отпад кој стапува на сила од први јануари, а нови предлози се очекуваат од страна на Европската Комисија во делот на граничен карбонски механизам, дигитална такса и нови иницијативи во делот на таксите за загадување од воздушниот и морскиот транспорт. Заклучоците ја враќаат на маса и идејата за заедничка такса врз финансиските трансакции на ниво на целата ЕУ.

Од Европскиот Парламент во мнозинство се очекува да турка за поамбициозни ставки во конечниот компромис, но европратениците знаат дека не им останува многу простор за макотрпни преговори и притисок бидејќи седумгодишниот буџет и Фондот за закрепнување треба час поскоро да бидат усвоени за да не се отежни дополнително економската состојба на земјите членки на ЕУ и нивните граѓани.

ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
ФОКУС

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Хамас денеска го започна ослободувањето на преостанатите заложници во Газа, јавија израелските медиуми, според кои…

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.