Софија ги прекина подготовките за изградба на руско-италијанскиот гасовод Јужен тек, кој треба да започне ова лето во Бугарија, по упатените критики од Брисел и Вашингтон, објави во недела премиерот Пламен Орешарски.
“Јас наредив да се запре изградбата на започнувањето на изградбата на Јужен тек. Одлуката ќе ја направиме откако ќе се консултираме со Брисел”, рече Орешарски по средбата со американските сенатори.
Европската комисија побара во вторникот од Софија да престане изградба на гасоводот Јужен тек на нејзината територија, објаснувајќи дека Бугарија не ги почитува европските правила за јавните тендери. Комисијата испрати предупредувачко писмо до бугарските власти, што е прва фаза од менување на постапката.
Експертите од Брисел следната недела ќе отпатуваат за Софија на разговори со владата. Републиканскиот сенатор Џон Мекејн во недела изјави дека САД “ги поддржуваат напорите на бугарската влада во остварувањето на енергетска независност. Што се однесува до гасоводот Јужен тек, тој рече дека сака да биде воден од руски независни организации.