Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија ја прекина изградбата на гасоводот „Јужен тек“

0
By Нова ТВ on August 19, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарското министерство за економија и енергетика нареди да се прекинат сите активности поврзани со изградбата на гасоводот „Јужен тек“, додека проектот не се усогласи со барањата на Европската комисија.

Во писмото до Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ), потпишано од министерот за економија Васил Штонов, забрането е потпишување на било какви договори во врска со „Јужен тек“, а од БЕХ се бара да и помогне на ЕК при усогласувањето на овој проект со правната регулатива на Европската унија (ЕУ), пренесува ИТАР-ТАСС.

Штонов минатата недела изјави дека проектот „Јужен тек“ ќе биде реализиран, бидејќи е важен и за Бугарија и за Русија, но и за целата ЕУ. Бугарскиот министер сепак нагласил дека сите страни кои се вклучени во проектот, мораат да сфатат дека тој мора да биде реализиран по прописите на Унијата.

Тој изразил очекување дека во следните два месеци ќе биде постигнат напредок, доколку ЕК и Русија седнат да преговараат и да работат заеднички.

Сепак, како земја-членка на ЕУ Бугарија се најде под засилен притисок од Брисел да ги прекине работите на гасоводот затоа што тој не е во согласност со европските прописи. Во текот на јуни бугарската Влада ги замрзна активностите на изградба на гасоводот, но во јули сменетата министерка за развој Десислава Терзиева сепак одобри почеток на прелиминарните работи кај терминалот Паша Дере. Сегашната влада сепак избра да ги следи препораките од Брисел.

Вкупната вредност на проектот Јужен тек се проценува на околу 16 милијарди евра, а со комерцијална работа требаше да започне кон крајот на 2015 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.