Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев вели Софија треба да соработува со партнерите од НАТО, Турција и Романија во однос на зголеменото присуство на руски авиони близу бугарските граници.
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Кристијан Вигенин го потенцираше проблемот со кој се соочуваат бугарските воздухопловни сили, жалејќи се на застарениот инвентар на бугарското воздухопловство.
Нивниот главен адут, МиГ-29 сеуште зависи од техничката поддршка на Русија во време кога бугарската авијација се пресретнува со руската. За надминување на проблемот, Бугарите се принудени да активираат неколку пресретнувачи за секој руски лет, што претставува недостаток на и онака распространетите сили.
Само минатата година, Бугарија активирала повеќе вакви летови од претходните 20 години заедно.
Доколку Москва реши да го засили присуството во воздушните простори над Софија, Бугарија речиси ништо не може да направи околу тоа.
Оттаму, договор со Турција и Романија може да резултира со „ефективно заплашување“, но на таквиот резултат треба да се произнесе бугарската политичка волја.