Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија лута на извештајот на Институтот ИФИМЕС

0
By Нова ТВ on March 27, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: bnr.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Властите во Софија се лути по објавениот извештај на словенечкиот Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана. Министерството за надворешни работи на Бугарија денеска соопшти дека ќе го повика привремениот амбасадор на Македонија да даде објаснувања дали Владата во Скопје е поврзана со кампања спроведена преку овој институт.

Имено, пред неколку денови ИФИМЕС објави дека бугарските власти пласираат неверодостојни податоци дека Македонците имаат бугарско потекло и оти Северна Македонија мора да даде официјална изјава дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени.

„Не може да се замисли дека во 21 век, државата Бугарија, која е полноправна членка на ЕУ и НАТО, ги оспорува идентитетот и јазикот на соседниот македонски народ“, коментираше словенечкиот Институт додавајќи дека бројот на етнички Македонци што живеат во Бугарија е околу 10 проценти од вкупното население на таа земја.

„Ние Бугарите не сме „Богомили, Турци и Бугаризирани Македонци. Ние сме горди деца на Мајка Бугарија, чија историја е стара над 1300 години“, напиша претседателот на ВМРО, Красимир Каракачанов на неговиот профил на Фејсбук по текстот на словенечкиот „Меѓународен институт за Средноисточни и балкански студии“ ИФИМЕС. Ова го соопшти прес-службата на партијата.

Изданието зборува за фактот дека Бугарија е „грдото лице на ЕУ“ поради нејзиното категорично барање во врска со правилата за продолжување на преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ. Во студијата се вели дека Независна Бугарија е создадена врз основа на договорот меѓу Руската Империја и Отоманската империја, т.е. Сан Стефанскиот договор од 1878 година. На територијата на Бугарија во тоа време живееле главно богомилско, македонско и турско население, кои подоцна биле насилно бугаризирани под силниот притисок на новосоздадената држава.

Според Каракачанов, целта на овие публикации е да се наруши имиџот на Бугарија, бугарскиот народ и бугарската историја што е можно повеќе.

„Сега гледаме директни докази дека зад оваа медиумска кампања не стои никој друг туку македонската влада и лично премиерот Заев, преку неговите советници кои ја водат оваа лобистичко-рекетарска структура наречена институт“, возврати Каракачанов.

„Не еден, не двајца, туку тројца советници на премиерот Заев се водачи на овој лобистички институт, со седиште во Љубљана, кој со години исфрла оган и сулфур против Бугарија. Во нивното последно издание, Бугарија е претставена како грдо лице на Европа. Бугарија нема Бугари, само Богомили, Турци и насилно бугаризирани Македонци. Исто така, за нив канцеларката Меркел е глава на балканската мафија во ЕУ и има носталгија кон нацизмот и Адолф Хитлер. Ќе застанам тука… “, напиша тој.

„Веќе со години велам дека Скопје, без оглед кој е на власт – Груевски или Заев, спроведува агресивна антибугарска кампања и во самата Македонија против тамошните Бугари, и со платено лобирање и публикации во западните медиуми и невладини организации. Овие публикации треба да го нарушат имиџот на Бугарија, бугарскиот народ и бугарската историја што е можно повеќе“, додаде Каракачанов.

Сепак, нашите „пријатели“ во Скопје забораваат дека бугарскиот народ не пасе трева! Овие трикови, наследени од Титова Југославија, не можат да поминат, другари и другарки. Сакам да ви кажам да знаете дека додека сум јас, како и додека постои ВМРО и сигурен сум дека сè додека има Бугари во Бугарија, вашата омраза кон сè што е бугарско, комбинирана со комплексна дрскост и лицемерие, никогаш нема да биде во ЕУ“, додаде Красимир Каракачанов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.