Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев соопшти дека го потпишал указот со кој на Народното собрание му предлага да го избере Пламен Орешарски за премиер.
„Денеска Орешарски ми ја претстави структурата и персоналните решенија на владата, како и дека го успешно го завршил утврдувањето на мандатот. Во овластувањето на Народното собрание е да го избере премиерот и да го потврди составот на владата. Уставот не ми дозволува да ја навлегувам во процедурата и да првам оцена на предложениот состав и на составот на владата. Парламентот ќе ја даде таа оцена”, изјави Плевнелиев.
Бугарскиот претседател нагласува дека неопходно е Бугарија што побрзо да добие влада којашто ќе ја избере парламентот.
„Сега е исклучително важно приоритетите, што ги преземаа Орешарски и неговиот тим, добро да бидат формулирани и му пожелувам да постигнат и повеќе од тоа”, додал Плевнелиев.
Мандатарот за формирање на новата влада на Бугарија, Пламен Орешарски во понеделникот објави дека составил влада од експерти и политичари, главно од левицата, кои ќе имаат тешка задача земјата членка на Европската унија да ја извлече од хроничната сиромаштија.
Орешарски, пак, би ја имал поддршката од традиционалниот партијата на турското малцинство која ги застапува муслиманите Движење за права и слободи (ДПС), како и од некои пратеници од крајно десничарската АТАКА.