Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија се надева дека ќе влезе во Шенген во две фази – во октомври и во јануари

0
By Соња Крамарска on June 21, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европските институции веќе годинава се подготвуваат за прием на Бугарија и Романија во Шенген, а влезот на двете земји во зоната за слободно патување во оваа фаза може да се смета за сигурен. Ова го соопштија дипломатските кругови во Брисел, бугарскиот парламент и владата.

Прелиминарниот план е прифаќањето во Шенген да се одвива во две фази – прво за аеродромски контроли во октомври, а полноправното членство со укинување на контролите на копнените граници треба да се случи на 1 јануари 2024 година.

До пред еден месец најголема пречка за влез на Бугарија во Шенген беше противењето на Холандија. Владата на Марк Руте сигнализираше дека ги цени напорите на бугарскиот парламент и на последните четири влади да иницираат вистински судски реформи со воведување механизам за независна истрага на главниот обвинител, објави ЕУРАКТИВ.

Досегашниот главен обвинител Иван Гешев, кој немаше особено добар глас во европските институции, стана првата жртва на новата законска регулатива откако беше разрешен од функцијата пред две недели. Ова во ЕУ го сметаат за добар резултат од реформата, а очекувањата се дека ќе продолжи чистењето на правосудниот систем.

Досегашната усвоена реформа во судството започна со напорите на вршителите на должноста министри за правда Јанаки Стоилов и Иван Демерждиев, кои побараа дисциплинско разрешување на Гешев.

Втората голема причина за претстојниот прием на Бугарија во Шенген е изборот на проевропска влада во Софија со поддршка на ГЕРБ и ПП-ДБ, кои ја декларираат својата намера да ја ревидираат политиката на Румен Радев кон Украина. Европските партнери на земјата се надеваат дека постигнувањето на оваа голема надворешнополитичка цел ќе помогне да се надмине политичката криза во Софија.

Европската комисија во јули ќе го објави специјалниот мониторинг извештај за состојбата на владеењето на правото и борбата против корупцијата во Бугарија, кој е напишан на инсистирање на Холандија.

Приговорите на Австрија против влегување на Бугарија во Шенген поради бегалската криза не се намалија, но очекувањата се дека Виена повеќе нема да ги запира двете земји доколку остане единствената земја од ЕУ која се спротивставува.

Следна голема цел на бугарските институции е влез во еврозоната од 1 јануари 2025 година.

Во декември минатата година, членството на Бугарија во Шенген беше блокирано од Австрија и Холандија. Романија беше запрена само од Австрија, додека Хрватска со едногласна одлука во јануари стана полноправна членка на зоната за слободно движење.

Холандија побара од бугарските власти да докажат дека се борат против корупцијата и дека не се откажале од судските реформи. Барањата на Австрија изгледаа многу потешки за спроведување, а австрискиот канцелар Карл Нехамер дури почна да се залага за нова ограда долж границата со Турција, што беше отфрлено од Европската комисија.

Неколку дена по блокирањето на бугарската апликација за Шенген, претседателот Румен Радев коментираше дека земјата побарала гаранции од партнерите во ЕУ дека сигурно ќе стане членка на Шенген во 2023 година, а наведениот рок за тоа е октомври.

извор: 24 Часа

подготви: С.К.

Бугарија шенген
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.