За прв пат од почетокот на анти-владините студентските протести во бугарскиот главен град Софија минатата недела, фокусот се префрли од главната зграда на Универзитетот во Софија на бугарскиот Парламент на другата страна на улицата.
На денот кога Бугарија ги слави “националните просветители” – колективен термин за сите револуционери, свештенството и едукатори, кои одиграа клучна улога во бугарската преродба и независноста во борбата против Отоманската империја – студентите маршираа пред Собранието, да бараат оставка на владата на Пламен Орешарски.
Бугарските медиуми проценуваат дека вкупниот број на маршот е околу 1000, што го прави еден од најголемите дневни протести од почетокот на анти-владините протести во средината на јуни.