Илјадници антивладини протести вечерва се одржаа во Софија и во голем број други градови во Бугарија.
Демонстрантите ги исполнија плоштадите во главниот град но и во Пловдив, Варна, Бургас, Плевен, Велико Трново, Разград, Јамбол, Враца, Пазарџик, Русе, Стара Загора, Ќустендил, Карџали, Видин, Свиштов, Силистра, Добрич, Ловеч, Трјавна, Сливен, Габрово, Карлово, Нова Загора, Асеновград, Хасково, Златоград, Смолјан, Сандански, Благоевград.
Меѓу градовите каде што беа организирани протести во странство беа и Виена, Брисел, Њујорк.
Граѓаните и опозицијата протестираат против најавите на владата за нови даноци со кои ќе се оптовартат граѓаните и фирмите, но и против криминалот, партиацијата на институциите, корупцијата, непотизмот, …

