Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарски аналитичар Едвин Сугарев: И во 1992 и сега причината за пад на бугарската влада е Македонија

0
By Mirjana on June 14, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Актуелната политичка криза е многу слична на начинот на кој беше соборена владата на Филип Димитров во 1992 година. Интересно е што и тогаш причината беше Македонија и тоа се случи во време кога Бугарија можеше да се повлече. Тогаш имавме шанса да бидеме со Полска, Чешка и Унгарија, а не да бидеме во редот меѓу поранешните источни земји“, вели поранешниот пратеник и политички аналитичар во колумна  за бугарската новинска агенција, БГНЕС, Едвин Сугарев. 

Тој смета дека, сепак има разлика во политичката ситуација во деведесеттите и сега, а таа најмногу се однесувала на сериозноста на геополитичкиот момент.

„Ова што се случува денеска ќе има многу сериозни последици за Бугарија. Ако се погледне што се случува на социјалните мрежи и како расте бројот на тролови кои агитираат со про-путин реквизити, ќе сфати дека се работи за активен настан чија крајна цел е промена на геополитичката ориентација на Бугарија. Во нашите граници се води војна и таа може да расте. Крајната цел на Путин не е Украина. Една од неговите цели е да ја преземе контролата врз Црното Море и за него стратешки би бил многу важен пробивот во Бугарија“ , вели екс бугарскиот пратеник Сугарев. 

Во колумната, Сугарев смета дека на власт требало да остане владејачката коалиција и да направела се да ги обезбеди бугарските национални интереси. Според него, се друго би значело изумирање на реформите пред се во правосудството, а би пропаднал и Планот за закрепнување и развој  од кој Бугарија очекува огромна сума европски пари, смета Сугарев.

„Реакциите на политичките сили покажуваат дека никој не сака да владее во овој момент и не сака предвремени избори, со исклучок на „Преродба“. Другата опција за која се разговара е формирање експертска влада. Ова не враќа кај Филип Димитров. По неговата влада дојде онаа на проф. Љубен Беров, а тоа беше де факто владата на „Мултигруп“ и мафијата. Ова би било многу лоша судбина за Бугарите, заклучува Сугарев во колумната за БГНЕС.

 

БУГАРИЈА МАКЕДОНИЈА ЕДВИН СУГАРЕВ колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.