Бугарскиот медиум bTV објави истражување со бизнисите на роднините на премиерот Христијан Мицкоски.
Откриваат дека неговиот зет Јорданчо, како и неговиот братучед Дончо, имаат фирми и бизниси во Бугарија. А снаата на Мицкоски, Стевица, има бугарски пасош.
Како што пишува бугарскиот медиум „причината поради која раскажуваме за бизнисот на роднините на Мицкоски не е затоа што има нешто лошо во тоа, туку затоа што неговата партија во минатото ги обвинуваше своите противници дека развиваат бизнис во нашата земја“.
Линк до целата статија