Софиското градско обвинителство поведе предистражна постапка против шефицата на кабинетот на премиерот во заминување, Лена Бориславова, објави интернет -страницата novini.bg.
Истрагата е за склучена сомнителна зделка и е започната пред еден месец. Материјалите ги доби окружното обвинителство, кое првично го провери договорот за правни услуги на Бугарската банка за развој (ББР) поврзан со Лена Бориславова.
Градското обвинителство на Софија засега не ја потврдува веста, јави 24 Часа.
Самата Лена Бориславова минатата недела во својата објава на Фејсбук напиша дека е сосема можно обвинителството да и го проверува договорот за правни услуги во ББР.