По информациите објавени на порталот Алмакос
дека ДПА влегува во владата на Груевски, затоа што е незадоволен од ДУИ, портпаролот на ДУИ Бујар Османи за НОВА вели: Остануваме во владата, добивме мандат од граѓаните. Добро е што имаме разлики со ВМРО-ДПМНЕ, тоа е клучот на демократијата. Нашата коалиција се одлучува на избори и се додека имаме мандат од граѓаните, остануваме дел од таа коалиција.
Што се однесува до изјавата на Груевски за незадоволството од ДУИ, Османи вели:
Очекувано е да постојат разлики меѓу две партии кои претставуваат два народа. Но, постигнат е договор за коалиција која треба да трае 4 години и тој се почитува. разликите ги имаме на дневна основа, со оглед на различните програми, но тие се сплотени во владина програма. Се додека се почитува договорот за коалиција, разликите е добро да се имаат во едно демократско општество, тоа е суштината на демократијата, тие разлики, вели Османи за НОВА.