Според опозициските активисти, силите на претседателот Башар ал-Асад го бомбардирале северозападниот дел од Дамаск со воздушни напади и артилерија во средата, со обид да се отстранат бунтовниците кои го завземале сирискиот главен град.
Дипломатски извори од Блискиот Исток ја опишуваат воената состојба, во и околу Дамаск, како ,,главен ангажман” на двете страни.
Според изворите ,,опозицијата го гаѓа Дамаск од повеќе насоки, и режимот се обидува да го спречи тоа”.
Авионите го бомбардирале Џобар, населба во непосредна близина на главниот плоштад Абасид, како и предградието на Дараја, на автопатот кон Јордан на југ, тврдат извори од главниот град.
Двете области се дел од меѓусебно поврзаните Сунитско-Муслимански подрачја, во и околу Дамаск, кои биле во првите редови на 22-месечниот бунт против 40-годишното владеење на семејството на Асад и неговиот татко.