Browsing: ВЕСТИ
Во несреќата со авионот која се случи еден месец откако Москва почна со бомбардирањата на позициите на ИСИС во Сирија, загинаа 224 луѓе. Тогаш Путин нагласи дека џихадистите на ИСИС се директна закана за Русија
Обвинителството уште во 2007 година ги доби првите документи за сомнителните трансакции во Телеком. Од тогаш молк и во Владата и во Обвинителството. Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл и Симон Груевски поранешен член на бордот на Телеком, одговараат на овие прашања
Сторијата на Александра Давидовска стигна и до британски „Гардијан“. Се работи за девојката која ја напуштила својата работа во фабрика за обувки за да им помага на бегалците на границата помеѓу Македонија и Србија
Сопругата на помошниот пилот Сергеј Трукачев, за НТВ по несреќата рече дека тој се жалел за состојбата на авионот пред самиот лет од Шарм ел-Шеик
Откако АКП го изгуби еднопартиското мнозинство за прв пат во последните 12 години, партијата сепак доби јасен мандат да владее со Турција во наредните четири години
На што се должат предрасудите, ксенофобијата, расната и националната нетрпеливост од голем дел на граѓаните кон бегалците? Зошто Власта ги користи бегалците како параван за да ја оправда сиромаштијата во нашата држава? На оваа тема во ПРОЦЕС зборуваат Бранимир Јовановиќ од левичарското движење Солидарност и Уранија Пировска извршна директорка на Хелсиншкиот комитет
Премиерот Груевски во својот говор на Денот на ВМРО, говорејќи за критиките дека нема слобода, изјави: “Има бааги слобода”. Секако дека ова претставува опасна теза, секако дека слобода нема доволно, никаде, никогаш, како што нема ни доволно правда во земја која не е за сите татковина
Во средината на деведесетите популистичката партија на Владимир Мечијар владееше со убедливо мнозинство. Авторинарните тенденции на оваа власт ја примора ЕУ да ги замрзне преговорите за членство во Словачка. Како владееше Мечијар и зошто ЕУ одлучи да ги замрзне преговорите?
Во светот се повеќе се нагласува позитивната улога на таканаречените „свиркачи“ или „пријавувачи“ на некаква злоупотреба на органите на власта. Затоа се погласни се и барањата за нивна поголема заштита
Хирургот Милчо Пановски за НОВА, зборува за состојбите во здравството, за одговорноста во последните смрттни случаи, за нефункционирање на болниците во внатрешноста, за реформите кои ги зголемија само административните процедури, за лекарите за кои вели дека молчат бидејќи се уценувани, преплашени или купени поради вработувања на нивните деца
Новинарот Ацо Кабранов и членот на Солидарност, Мариглен Демири дебатираат за спротивствените гледишта на невладините и опозициската СДСМ, дали треба да се прогласи за мртов Договорот, зошто протестите се замрзнати и откажани од страна на Солидарност и покрај повикот за секојдневно минитингување пред Владата
Руски цевки за гас на македонски терен. Кои фирми добиваат дел од бизнисот вреден 75 милиони долари?