Browsing: ВЕСТИ

На прашањето дали ДУИ ќе го признае легитимитетот на кандидатот кој ќе биде избран во недела, Абдулаким Адеми на прес конференција одговори дека неговата партија за тоа ќе се изјасни по изборите.

Демократскиот сојуз (ДС) денеска повторно ги повикува членовите и симпатизерите, како и сите граѓани, в недела на 27 април, масовно да излезат и да гласаат за Ѓорге Иванов, кандидатот за претседател, како и за кандидатите за пратеници на „Коалицијата за Подобра Македонија“

Доколку Груевски, Јанкуловска и другите од водството на ВМРО ДПМНЕ се убедени дека се невини нека ги депонираат пасошите кај нотар како гаранција дека уште во понеделник нема да побегнат од Македонија

„За демократијата мора да се избориме. Нашата земја е нашиот дом, ако ја завршиме нашата работа таа ќе биде дом и на нашите деца. Затоа на 27 април да покажеме како се бранат интересите на земјата“, порача Хари Локвенец

Второто ветување кој ќе се реализира за неколку месеци, сите Албанци кои имале проблеми со законот, пријава, прекршочна казна ќе бидат опфатени со законот за амнестија, освен оние што вршеле злосторства.“Вие ќе бидете целосно заштитени,сигурни и со добра заработувачка.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.780.128 граѓани. Утре гласа дијаспората, затворениците, лицата во домашен притвор, внатрешно раселените лица и болните и немоќните лица.

Каков ќе биде исходот од изборите – судбината на Заев и на критичарите на власта; Која е улогата на албанскиот бојкот и странците – студио на НОВА со Сашо Ордановски, разговара Биљана Секуловска

Имаме одговор на најгорливите прашања кои ја тиштат нашата земја. Како да го спречиме иселувањето на младите, како повторно од корен да ја изградиме средната класа која е р’бетот на државата и како да ја искорениме сиромаштијата која ја создаде оваа власт

Граѓаните, вие сте пред се. Држава без народ не е држава. Луѓето ја напуштаат нашата земја оти лошо се живее а власта вели дека се е розево. Тоа мора да го промениме. Владата на СДСМ ќе биде влада која ќе им служи на граѓаните, рече Спасовски

Во овие 5 години можевте да видите за што се борам јас, за што се борат премиерот и сите министри, сите пратеници и градоначалниците. Знаете со какви луѓе имате работа. Знаете дека е проверено. Затоа бараме поддршка да продолжиме по патот што вие го трасиравте, рече Иванов во Крива Паланка

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6, Никола Попоски денеска е во посета на градот Тетово. Средбите со граѓани, носителот Попоски ги започна посета на Здружението на слепи по што продолжи со посета на Здружението на глуви и Здружението на Воени Инвалиди