Browsing: ВЕСТИ
Како дојде до трагичниот крај со Тамара, зошто застанаа донациите, со која цел се организира граѓанската иницијатива, маршот „Црвен картон за Тодоров“. За помошта која е потребна за Теона, сестрата на Тамара, во ПРОЦЕС зборува нивната мајка Жаклина Димовска, заедно со Огнен Јанески новинар и Неда Чаловска од Хеласиншкиот комитет
Доминик Страус-Кан денес веројатно ќе беше претседател на Франција. Но, судбината одлучи поинаку. Судбината, неговото либидо или политиката. Тоа најверојатно нема брзо да го дознаеме. Последното судење покажа дека тој има “тешка” сексуалност но не и кривично дело. Според многу шпекулации, ДСК бил прислушуван во истрагата за да се најде скандал кој ќе ја уништи неговата политичката кариера.
На аматерско видео кое го објави британски „Гардијан“, се гледа како фановите на фудбалскиот клуб Челзи не му дозволуваат на Афроамериканец да се вози во метро во Париз, пред самиот почеток на синоќешниот фудбалски натпревар меѓу Париз Сент Жермен и Челзи
Комесарот Хан во Скопје ќе порача дека е мора да се обезбеди независнот на судскиот систем од полтички влијанија.
Студентката исчезна на 11 февруари a два дена подоцна беше најдено нејзиното тело. Според локалните медуми, девојката била силувана и потоа убиена со железен стап. Осомничен за убиството е шоферот на автобусот во кој девојката се возела враќајќи се од факултет а тој добил помош и од таткото на девојката.
Пет приоритети во борбата за правата на жените: борба против стеротипите, превенција и борба против насилството врз жените, треба да гарантираат еднаков пристап до правдата за жените и маќите, да обезбедат рамноправно учество на жените и мажите во јавниот живот и одлучувањето и во сите политики и мерки да ја интергираат еднаквоста помеѓу двата пола.
Заев мора да дозволи досиејата да бидат откриени, сите оние досиеја кои се сведоштво за угнетување, прогони, репресии, тиранија на оваа власт, еднакво како што тоа го стори Германија, со откривањето на сите досиеја, преку кои биле уништени милиони животи, да бидат отворени за истражувачите, историчарите и новинарите. Затоа што нивното уништување би значело бришење и палење на историјата, потег кој ниту еден современ политички лидер не би го дозволил
Екс-потсекретарот за државна безбедност, Слободан Богоевски во интервју за НОВА: Дали шпионирале и прислушкувале странски служби или се е дело на Груевски и Мијалков, кој го снимал разговорот Заев- Груевски, што може да очекуваат Заев и неговите партиски луѓе од власта, какви материјали за Груевски и неговите луѓе ќе објави Богоевски после падот на оваа власт.
Бесперспективноста и сиромаштијата се главните причини поради кои илјадници луѓе од Балканот си ја бараат егзистенцијата на Запад. Некои легално, некои илегално. Западните земји ги одбиваат барањата за азил, но исселеничкиот бран не стивнува
Четири медиуми од Белгија и Франција вчера отворија интернет сајт под име “Sourcesûre” (Безбеден извор) кој на анонимни интернет корисници ќе им дозволи да бидат во контакт со овие четири медиуми на најбезбеден начин и да им испратат документи или тајни информации за да се откријат нелегални или сомнителни акти.
Дебата помеѓу лидерот на НСДП, Тито Петковски и проф. Владимир Пивоваров: Зошто власта не спроведува истрага, а тврди дека прислушкувањето е дел на странски служби, кој би бил навистина мета на странците, дали би ги интересирале 20.000 луѓе, зошто Јанкуловска како министерка за внатрешни дозволила да биде прислушкувана и од кого, како власта ќе и возврати на опозицијата?
Со прогласување на автономна зона, илјадници студенти денеска ги напуштија предавањата и ги окупираа сите факултети на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во знак на револт кон владините реформи во високо образование и со барање на нов закон кој дирекно ќе ги вклучи и студентите во изготвување.
