Browsing: ВЕСТИ
Имав контакт со Кјелини по што ја загубив рамнотежата и паднав врз противникот. Во тој момент со лицето удрив на неговото рамо. Почувствував силна болка во пределот на устата и ми остана модринка
Софија си направи големи проблеми во односите со Брисел поради проeктот Јужен поток. Аферата Јужен поток откри и матни бизниси во Бугарија, вели за НОВА директорот на Европскиот cовет за меѓународни односи Димитар Бечев.
Шведска го поддржа Јункер, но по гласањето премиерот Фредрик Рајнфелд изјави дека е свесен дека приближена унија не е “за сите”. Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека е “подготвена да се обрати кон британската загриженост”
Вчера утрото во Тирана е извшен атентат врз 57 годишниот бизнисмен Артан Санто. Санто беше познат во Албанија како еден од сопствениците и директор на Крединс банката. Тој беше акционер и во медиумската „Фокус“ групација, како и еден од сопствениците на ТВ Скан
На веб страницата на Државното јавно обвинителство денеска осамна соопштение за јавноста во кое тие информираат дека нема основа за сомнеж за сторено кривично дело во случајот „Македонска банка“ кој го отвори Социјалдемократксиот сојуз
Најголемиот дел од поплаките на граѓаните се однесуваат на јавните комунални претрпијатија и телекомунакциите. Еврозум во ова издание ве води низ проблемите со потрошувачките права, а илустрираме што и како би се променило во оваа област доколку Македонија започне преговори за членство во унијата
Не постапувањето по правосилните решенија не е непознато во македонската пракса. Два такви карактеристични случаи има во Царинската управа каде двајца поранешни вработени кои биле незаконски избркани од работа, не можат да се вратат на своите работни местa и покрај одлуката на Второстепената комисија на владата
Славчо Димитров од Коалицијата за заштита на маргинализирани групи во интервју за НОВА предупредува на се позачестените физички напади кои полицијата ги игнорира и мирно стои отстрана додека власта не ги осудува, туку е потстрек. За ставот и заканите кон ЛГБТ заедницата, заради што е многу тешко да се организира геј парада во Скопје
Нови 68 милиони денари или 1,1 милион евра е предвидено да се потрошат на доградба на објектот на Владата на РМ. Службата за општи и заеднички работи распиша нов тендер, а со ова цената на овој објект порасна на 11 милиони евра
Аналитичарот Мехмети за средбата Груевски- Заев на која очекувано беше одбиен предлогот на лидерот на опозицијата за техничка влада, за улогата на меѓународната заедница и кои се идните чекори на двајцата лидери
Ирак бара помош од Западот во борбата против ИДИЛ. САД ги испратија првите војници за заштита на својата амбасада. Претседателот Обама не сака долг ангажман на копнени сили. Многу американски граѓани тоа го поздравуваат
Анализа на Си-Ен-Ен: Дали Западот само интервенира кога сопствениот економски просперитет е во прашање? Зошто инаку би ги бранеле правата на цивилите тука, а не против Асад по неговата очигледна употреба на хемиско оружје?
