Browsing: ВЕСТИ
Цивил соопштува дека до 16 часот имало неправилности во текот на гласањето на болните и изнемоштените во Кичево, Штип и Крива Паланка. Во повеќе општини во Скопје, како и во Велес, Гевгелија, Теарце, Кичево, Струга и Брвеница се бележат партиски активности на теренот, вклучувајќи делење пропаганден материјал
Нокеска активисти на една партија излепија голем дел од празните површини во скопски Аеродром со плакати на лидер на партија и кандидат за претседател
Набљудувачите на ЦИВИЛ ќе ги следат изборите низ целата земја. Нивната задача е да го набљудуваат изборниот молк и утрешниот ден на гласање
Во канцеларијата на Народниот правобранител утре, на изборите за претседател, од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321- граѓаните да пријават каква било повреда на избирачкото право
Синоќа на полноќ настапи изборниот молк пред претседателските избори кои се одржуваат во недела. Денеска гласаат членови на избирачките одбори во странство, во дијаспората, болните и изнемоштените лица, раселените лица, како и затворениците
Не постои европска држава во која власта е концентрирана во двајца или тројца. Не може 500 илјади фамилии во Македонија да бидат заложници на само една фамилија, изјави претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, вечерва во Битола
Со дела ја оправдав вашата доверба и затоа поднесов отчет, рече Иванов додавајќи дека да ја сакаш татковината значи дека државата е пред се и Македонија дека е пред се.
Тие, овие два дена ќе се обидуваат се и сешто. Да не им дозволиме еден глас да ни земат. Зашто победата ни е во рака. Нема човек кој живее добро во оваа земја.
Бидејќи министерката споменува години уште од минатата деценија, треба да и биде јасно дека биометриски лични карти не биле издавани ниту во 2003, 1998, 1997, 1996, 1994, ниту пак во 1978 година, туку започнаа да се издаваат од 2007 година, реагира СДСМ
-Од сетот на мерки коишто постојат во програмата, преку 50 конкретни мерки со конечна цел ги задржиме младите во оваа наша земја. Овој е еден од нашите региони каде што имаме и тоа како силно напуштање на младите надвор од државата, најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев
-Кутиите да ги чуваме, ако треба да не спиеме. Волјата на граѓаните е смена на власта, веќе е јасно. Со волјата на народот актуелната власт не може да победи. Тие ќе се обидат да ги употребат сите механизми, од пари до закани, но сетете се, за до кога?
Обраќање на Дарко Каевски, потпретседател на СДММ, преку соопштението добиено од СДСМ: Во недела, имаме шанса Македонија да добие вистински претседател. Татко на нацијата, кој ќе обединува, а нема да дели. Стево, кој ќе биде сојузник на младите, се обраќа