Browsing: ВЕСТИ

Битката од Нормандија однесе 37.000 животи од страната на сојузниците додека од германска страна загинаа 50-60.000 војници. Домаќин на настанот на францускиот претседател Франсоа Оланд а помеѓу гостите се американскиот претседател Барак Обама, Британецот Дејвид Камерон, Германката Ангела Меркел и други државници од околу 20 земји. Заедно со нив на свеченоста учествуваат 1800 ветерани од Втората светска.

Универзитетската професорка Татјана Стојановска Иванова која ќе биде дел од катедрата за семејни студии и активистката за човекови права Марина Трајкова дебатираат на тема развод и хомосексуалнот и нивните квалификации во новите студии како девијации

Во топлата вода има место за некои од мајмуните додека другите смрзнуваат. Некои се обидуваат да влезат во водата но, избраните и привилегираните, имаат свои чувари кои не дозволуваат секој да влезе во бањата. Сауната е место за “високото друштво”.

Есктерното тестирање како и минатата година предвизвика бурни реакции во јавноста. Реагираа наставниците, експертите и политичките партии. НОВА побара мислење од најзасегнатите – учениците

По исцрпувањето на целата листа, Собранието може да распише нови избори, а целата процедура може да заврши за најмногу три месеци, но и порано, објаснува за Радио Слободна Европа, професорот по уставно право Светомир Шкариќ

Екипата на „Србијавода“ за да го спаси местото Коцељево од поплава го дига во воздух регионалниот пат за да ја пренасочи реката Тамнава. После тоа водата го менува правецот и тргнува кон Обреновац

По повторен случај на групно силување, овојпат на две девојчиња во едно село, избувнаа масовни протести. Бесот е насочен и против полицијата, која не сакала да трага по девојчињата, кои припаѓале на пониска каста

Групата намерувала да изврши бомбашки напад, но пред истиот практикувале ритуал во кој нивниот лидер им се обраќа. Во моментот на обраќање на лидерот еден од нив сакал да направи таква фотографија со мобилниот, но во тој момент, всушност, ја активирал бомбата по што се саморазнеле

Гостин во студиото на НОВА е адвокатот на Зоран Заев, Мирослав Вујиќ кој треба да го брани лидерот на опозицијата на суд од премиерот Никола Груевски. Премиерот го тужи Заев за клевета за аферата „Македонска банка“ и од него бара половина милион евра

Загрижувачки пораст на случаи каде граѓани биле тепани и малтретирани од полициски службеници, односно Алфи. Во последниот извештај на секторот за Внатрешна контрола на МВР има околу 1600 пријавени случаи за употреба на сила од оние кои што треба да го чуваат редот и мирот

Германскиот канцелар Ангела Меркел веќе четврта година е прва на листата на Forbes за највлијателни жени во светот. За прв пат на листата на второто место се најде шефот на Федералните резерви на САД Џенет Јелен