Browsing: ВЕСТИ

Преку филмот сакаме да покажеме дека кон проблемите на Ромите мора да се пристапи мултисекторски и во меѓусебна соработка со институциите, како одговорни страни за обезбедување на здравствената заштита на граѓаните, и ромската заедница, како корисник на здравствените услуги и права, велат авторите

Рената Дескоска Тренеска, носителот на листа во изборната единица 1 им рече на младите од Карпош дека во програмата е предвидено финансирање на вработување на младите, наместо мизерните услови нов студентски град

ВМРО-Народна партија најави кривични пријави за директорите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Македонската радио телевизија, доколку не се промени методот за изборното медиумско претставување на кампањите

Маврово е магнет за домашни и странски гости, туристи кои ја сакаат и ја ценат природата и културната разноликост. Туризмот е и иднината на регионот, рече Иванов пред граѓаните на Маврово и Ростуше

Ако земјоделците имаат пари и државата ќе има пари, тоа јас го знам бидејќи потекнувам од земјоделско семејство. Земјоделието е основната гранка која ја крепи нашата економија и живеачка, рече Заев пред жителите на Ново Село и Босилово

Претседателот Иванов пред жителите на Жировница ја претстави својата изборна програма и посочувајќи дека се што беше ветено пред пет години е доследно реализирано, ја побара довербата за нов петгодишен мандат

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска беше во посета на струмичкиот регион, со граѓаните на населеното место Пиперево. Земјоделците зборуваа за земјоделската тешка работа и лошите услови во кои работат

Мојот концепт е да се обратам кај секој граѓанин без разлика на етничката и партиската припадност. Нема мои и твои , бидејќи еден против друг ако се завртиме ќе ја нема Македонија. Јас нема да бидам ничиј чирак, рече Пендаровски