Browsing: ВЕСТИ

Филип Јаневски – Фифи во интервју за НОВА, зборува за тоа колку луѓето го прифаќаат поимот „трансџендер“ од Драчево преку Скопје до Белград, за тоа како се носи со дискриминацијата од одредени луѓе, за заканите, и односот и поддршката од семејството

Проф. Гордан Калајџиев и Проф. Богданчо Гогов: За новиот закон за кривична постапка, со кој се имплементира модерниот концепт за човековите права. На судиите им се дава нова шанса да размислат за својата улога во која сега се под политички и други притисоци

По сликањето на американскиот претседател Обама, британскиот премиер Камерон и данската премиерка Торнинг-Шмит, на комеморацијата за Мандела, Камерон беше испрашуван во срцето на британската демократија- Парламентот. Но, во духот на славниот британски хумор

Членовите на опозицијата направија се за да оневозможат носењето на овој закон. Антонио Гарсија Конејо, член на ПРД, во знак на протест се соблече пред сите. „Вака вие ја соголувате нацијата. Каде е користа од тоа? Не се срамам, но тоа што вие го правите е срамота“, рече откако си ги соблаче пантолоните и чорапите

Дебата со Дaим Хисени, Драгиша Милетиќ и Никола Наумовски: Зошто никој не знае кој го поставил споменикот на Цар Душан;дали треба да се сруши, Жерновски да го отстрани или да остане; зошто историјата на Балканот различно го памти?

Поетот Никола Маџиров е претставник од Македонија, како потписник и дел од 562 автори- потписници на петицијата за крај на интернет надзорот на владите и приватните корпорации. Петицијата ја потпиша и претседателот на ПЕН, Ристо Лазаров

Еднодушно и безрезервно Управниот одбор на Македонскиот ПЕН центар ја поддржува иницијативата на 580 писатели, објавена на Берлинскиот литературен фестивал, против масовното надгледување и повикот до ОН да креираат закон за дигиталните права

Дебата со Уранија Пировска, претседател на Хелсиншки комитет и Џабир Дерала, од невладината организација Цивил за кршењето на човековите права и широко-распространетиот страв во Македонија

Денеска Гугл и Мајкрософт заедно со Јаху, Епл, Фејсбук и Твитер го објавија својот план за регулирање на онлајн шпионажата и практично повикаа на битка против неконтролираното следење од страна на владите

Претседателката на невладините Контрапункт и Јадро, Искра Гешоска, синоќа, во акција со Елена Вељановска од Контрапункт, протестирајќи изведоа граѓанска акција со која го изразија протестот за состојбите во земјата, кои според нивното гледиште, наликуваат на елементите на фашизмот, на она што денеска наликува државата