Browsing: ВЕСТИ

Институциите не можат да се договорат дали и каде ќе се лекува деветгодишната Тамара Димовска која има тежок деформитет на рбетниот столб и е потребна итна операција во странство. Министерството, Фондот за здравство и Комисијата во Фондот излегуваат со контрадикторни информации, а за тоа време здравствената состојба на Тамара е драстично влошена

Резултатите од изборите ќе му го дадат толку потребниот поттик на ХДЗ во пресрет на многу позначајните парламентарни избори кои ќе се одржат на крајот на годината. Грабар-Китаровиќ може добро да ја употреби претседателската функција за да додаде поени на сметката на ХДЗ, особено во однос на проблематичната економија, тврди Димитар Бечев од ЛСЕЕ, дискутирајќи за резултатите од трката за претседател во Хрватска

Околу половина час по изгласување на изменетиот и дополнет Закон за високо образование, Студентскиот и професорскиот пленум вечерва импровизираа погреб на високо образование пред законодавниот дом

Интервју со академик Абдулменаф Беџети во кое професорот зборува за тоа какви последници ќе донесат новините во Законот за високо обравание и ги коментира обвинувањата на Груевски за некредибилноста на професорите. Како член на Професорскиот пленум го прашавме каков вид на граѓанска непослушност следи по донесувањето на законот и дали очекува одмазда од власта

За време на изминатава недела, кога моливот стана симбол за слободата на говорот во Париз, политичарот Рама, кој и самиот е сликар со неколку изложби зад себе, се појави со три моливи: во сина, бела и црвена боја во својот џеб, симболизирајќи го француското знаме

Отворен притисок врз медиумите, вака Независното здружение на новинарите на Србија (НУНС) вчера ги оцени навредите на српскиот премиер Алекасандар Вучиќ кон Балканската истражувачка мрежа (БИРН)

Евтини приказни: Премиерот Груевски жали за масакрот во “Шарли Ебдо”. Не се сеќавам дека тој ја извести јавноста дека жали за загинувањето на великанот на македонското новинарство, Никола Младенов. Не се сеќавам затоа што такво обраќање премиерот никогаш и немал

Оџата Рамадан Рамадани и Владиката Климент за злосторството во сатитичниот магазин Шарли Ебдо: Велат дека е тенка линијата помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза, за причините зошто религииите не трпат критики кои го толкуваат како исмејување, дали треба на Муслиманите да им се наметнуваат понакви вредности и покрај тоа што ги одбиваат?

Роберт Бадинтер, поранешен министер за правда на Франција и човекот кој ја оцени македонската независност како одржлива по распаѓањето на екс-Југославија, беше повикан на дебата на француската национална телевизија по убиствата на новинарите во Шарли Ебдо

Ниту една институција во државата не дава прецизни податоци за условите под кои услови Македонија го има земено кредитот за новиот клинички центар „Мајка Тереза“. Огромниот комплеск треба да се гради со пари од Банката на Советот на Европа и тежи 70 милиони евра

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од масовните собири во повеќе делови од светот на кои се оддава почит кон загинатите новинари од францускиот магазин Шарли Ебдо. Во продолжение погледнете дел од објавените фотографии на Твитер во изминативе неколку часа