Browsing: ВЕСТИ

Се работи за професор доктор Даница Грујичиќ, претседателка на работната група при министерството за здравје, задолжена на изработи предлог закон за легализација на канабисот за медицински цели, и претседателот на „Лекализација Србија“, Антонио Ковачевиќ

Александра Филипова и Исмет Шабановиќ како дел од Средношколскиот пленум го најавуваат протестот во четврток, отфрлајќи каква било партиска или политичка припадност и заднина, им се обраќаат на граѓаните за поддршка, во име на иднината на оваа земја

Како индустриските капацитети за високи економски и бизнис интереси вршат тивок геноцид на граѓаните. На Македонија и остана само еден џокер: “Да проработи совеста зашто кога ќе се случи нешто играта е завршена”, вели неврологот Арбен Таравари кој заедно со активистите Ангела Илиевска од „ЌЕ дишеме или ЌЕ издишеме“ и Аријанид Џафери од „Еко Герила“ од Тетово зборуваат на оваа тема

Балкан во Европа е насловот на новиот серијал дебати во Европскиот парламент. Ова издание на серијалот дебати е посветено на загрижувачките трендови во сферата на слободата на медиумите. Какво е влијанието на европските интеграции во овој процес? Гости се европратениците Тања Фајон и Александар Ковачев, Андреас Кестерис од ЕК и новинарот Тоби Вогел

Дебата помеѓу Ивон Величковски и Александар Пандов: За потписите кои ги собира ГДОМ за да му се суди на Заев за велепредавство, за странските дипломати и барањето на ГДОМ да бидат бидат протерани, дали е прифатлива идејата за амнестија за Груевски и Заев

Според Пендаровски, американскиот претставник вчера искажа серија тешки квалификациии за ова што се случува во Македонија. Тој излезе од средбата со Никола Груевски и рече дека сериозно треба да се испитаат злоупотребите на владините преставници.

Евтини приказни на Биљана Секуловска: Ништо не може засекогаш да ја спречи желбата за политичка моќ и влијание, како што засекогаш не може да го снема стравот од последиците- во случајов стравот на Георгиевски од досието кое Груевски го поседува за него. Кој во такви околности не би го бранел егзектуторот кој е деноноќно и доживотно наведнат над главата на жртвата и со едно кревање на раката му пресудува?

Општина Охрид продаде атрактивен плац во стариот град, а сѐ што им кажа на мештаните е дека името на нивниот нов комшија се крие зад скопската фирма „Инвест билдинг“. Не е прв пат во Варош да гради човек кој не е мештанин, претходно привилегијата ја добија скулпторот Томе Серафимовски и претседателот Киро Глигоров и затоа охриѓани се запрашаа која е „ѕверката“ што овој пат им се вселува во соседството

Како прислушуваните разговори открија вистински настан за време на локалните избори во Охрид, а човекот кој бил пресретнат од „барабите“,како што ги нарекува министерката Јанкуловска, од лежува казна затвор од шест месеци за напад на службени лица

Инцидентот во Јужна Каролина е најновиот во серијата фатални контакти меѓу невооружени црнци и полицајци – белци во САД, меѓу нив и убиствата на тинејџерот Мајкл Браун во Фергусон, сојузната држава Мисури, и на 12-годишниот Тамир Рајс во Кливленд, сојузната држава Охајо, како и смртта како резултат на задушување на Ерик Гарнер во Њујорк