Browsing: ВЕСТИ

Стотици убиени во долго најавуваната операција на египетската полиција за отстранување на два протестни кампа на приврзаниците на соборениот претседател Мухамед Морси

Германската канцеларка Ангела Меркел помина ден како наставничка по историја во едно од берлинските средни училишта и дискутираше за почетокот на изградбата на Берлинскиот ѕид што ја подели Германија на Источна и Западна, а се случи на 13.август 1961 година

Клучна улога во креирањето на Рамковиот договор кои обезбеди крај на конфликтот имаше претседателот Борис Трајковски. Погледнете ги сведоштвата за улогата на Трајковски од докуметарниот филм на Зоран Бојаровски

Над 100.000 луѓе се пријавиле за да заминат на планетата Марс со желба да го поминат остатокот од животот таму. Меѓу нив е и еден Македонец. Погледнете зошто Арсов сака да го помине остатокот од животот на Марс

Холандскиот принц Фрисо, брат на кралот Вилијем Александер, денеска почина во Ден Хаг. Принцот имаше 44 години и беше една и пол година во кома од која не се разбуди

Нoрвешкиот премиер Јенс Столтенберг помина едно попладне инкогнито- како таксист во Осло и оваа вест тој самиот и ја откри на јавноста. На профилот на ФБ, снимката е достапна за јавноста (ВИДЕО)

Фотографијата на познатиот фоторепортер Томислав Георгиев на која луѓе преоблечени како штрумфови се растрчани по мостот на уметноста во центарот на Скопје стана вистински хит на социјалните мрежи