Browsing: ЕКОНОМИЈА

„За ова прашање ќе се дискутира кога ќе се знаат сите факти. Бугарија официјално се уште не се изјаснила за запирање на изградбата на гасоводот“, рече Александар Дуковски, директор на Агенцијата за енергетика

По веста за затворањето на месарниците на “Римес”, која важи за една од поголемите компании во индустријата за месни преработки, бизнисмените од овој сектор предупредуваат, дека состојбата на пазарот се влошува

Околу илјада рудари од рудниците Тораница и Злетово го стопираа производството и не влегоа во јамите. Рударите се револтирани што менаџментот на „Индо Минерали и Метали “навреме не им ги исплаќа платите и придонесите

Претставници на компанијата „Филип Морис“ денеска ќе се сретнат со премиерот Никола Груевски, по што е најавено потпишување договор за стратегиско партнерство меѓу оваа компанија и Тутунскиот комбинат во Прилеп

Премиерот Груевски денеска се сретна со Роберт Секута, главен заменик помошник на државниот секретар за енергетика на Соединетите Американски Држави. На средбата станало збор за соработката во областа на енергетиката помеѓу Македонија и САД.

Поранешниот гувернер на Народната банка на РМ, Петар Гошев во редовното неделно интервју за Радио Слободна Европа говори за состојбите во македонската економија, при што остро ја критикува актуелната власт и тоа и заради заграбување на најголем дел до еконмоскиот раст

Во Панонија житата се речиси целосно уништени, а со тоа ќе ни претстои и криза во однос на снабдување со жита што Македонија ги надополнуваше токму оттаму, рече д-р Ристо Вучков, универзитетски професор за АЛСАТ.

На документот од отказот се забележува дека фирмата што го дала отказот се вика „ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, што претставува кратенка за друштво со ограничена одговорност основано од едно лице. Значи ли ова дека „Дрекслмаер“ – Кавадарци не е основан од матичната компанија во Германија, туку од физичко лице?