Browsing: ЕКОНОМИЈА

Претседателите на Стопанската комора на Македонија и на Сојузот на стопанските комори до крајот на денов можеби ќе излезат со заедничка реакција во врска со трговската војна што ни ја наметна Република Косово, најави Љубица Нури од Стопанската комора

Косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Селими повика на надминување на трговскиот спор меѓу Македонија и Косово и брзо повторно воспоставување на слободната трговија меѓу двете земји

Само пешаци може да ја преминат македонско – косовската граница на преминот Блаце која е целосно блокирана во моментов. Премиерот Никола Груевски денеска во 11 часот ги повика на седница своите министри на која ќе се одлучува што понатаму

Нервозата меѓу граѓани расте откако камиони од македонската асоцијација на превозници Макемтранс целосно го блокираше граничниот премин кон Косово, во знак на револт по воведувањето на забрана за увоз од Македонија од страна на косовската влада

Мислам дека има малку и политика, смета потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов за ескалацијата на трговските мерки меѓу Македонија и Косово, кој изјави дека не станува збор само за трговска војна

СДСМ уште еднаш повикува на преполовување на казните, бидејќи досегашната пракса покажа дека домашните каси безмилосно се празнат, само за масовно да се полни државната каса за непотребни луксузирања на власта