Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Превозниците од Макамтранс ја блокираа косовската граница

0
By Нова ТВ on September 9, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 9, 2013 22:18

Нервозата меѓу граѓани расте откако камиони од македонската асоцијација на превозници целосно го блокираше граничниот премин кон Косово, во знак на револт по воведувањето на забрана за увоз од Македонија од страна на косовската влада.

Билјана Муратовска, претседател на Макамтанс со апел – проблемот мора итно да се реши меѓу двете влади.

Превозниците, како што јави Вести24, велат дека блоката ќе остане цела вечер.

Патничките возила со потешкотии го заобиколуваа камионот кој попречно беше поставен на патот кон граничниот премин Блаце, но подоцна беше остранет. Автобускиот превоз беше во целосен прекин.

„Косово нема да ги укине мерките за забрана на увоз на производи од Македонија се додека Македонија не ги укине воведените мерки“, изјави косовската министерка за трговија и индустрија Мимоза Кусари Лила, по разговорите со македонскиот министер за економија, Валон Сарачини.

Министрите изјавија дека и двете влади остануваат посветени на решавањето на проблемите меѓу двете земји и на повторно воспоставување нормални трговски односи. Сарачини имал средба и со косовскиот министер за финансии, Бесим Беќај, по што изјави дека македонската влада е заинтересирана за што поскоро надминување на настанатата ситуација, бидејки тоа е од интерес и на економиите и на граѓаните на двете земји.

Во согласност со релевантните служби во Приштина, Македонија на Косово извезува стока во вредност од 300 милиони евра, додека извозот на Косово во Македонија, изнесува само 17 милиони евра.

Приштинските медиуми го објавија написот на скопскиот весникот “Дневник” дека македонската влада сериозно размислува за воведување на визите за граѓаните на Косово.

И премиерите на земјата, Хашим Тачи и Никола Груевски синоќа, како што е соопштено од страна на приштинските медиуми, телефонски разговарале за решавање на овие проблеми, но не постигнаа договор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.