Browsing: КУЛТУРА

Ако овој викенд патот ве носи во Брисел, не ја пропуштајте оваа спектакуларна туристичка атракција која се одржува секои две години. На централниот плоштад во Брисел овој викенд е распослан тепих од цвеќе. Оваа година тоа е турски ќилим од бегонии, посветен на 50 годишнината од турската имиграција во Белгија.

Јубилејното издание на најголемиот филмски фестивал во регионот, 20. Сараевски филмски фестивал свечено започнува на 15. август, кога на црвениот тепих пред Народниот театар ќе продефилираат бројни светски ѕвезди на филмската уметност, меѓу кои Гаел Гарсија Бернал и Енџесл Б, добитници на наградата Срце на Сараево

Тато беше, е и секогаш ќе биде најдобрата, највеликодушната и најмеката душа што ја знам и ако има една работа која сигурно ја знам, една од нив е дека не само мојот свет, туку и целиот свет без него од денес е помрачен, побезбоен и недоволно полн со насмевки. Ние ќе работиме двојно повеќе за да го наполниме повторно», напишаа децата на Робин Вилијамс.

Тоа беа денови… или на англиски „Those Were The Days“ е наслов кој во 1968 беше еден од најпопуларните хитови во светски размери. Најреална е претпоставката дека таа е компонирана во екот на Октомвриската Револуција за пејачката Елизабета Белогорски, а снимена некаде во 1924 од Тамара Церетели

Тој беше еден од најталентираните актери воопшто- го опишуваат како актерски гениј, глумец кој го имаше допрено секој дел на човечката душа, како првиот кој направи Америка да се смее. Вилијамс патеше од тешка депресија, се лечеше од зависност од дрога и алкохолизам

Неговиот публицист изјави дека се “борел со тешка депресија.” Во минатото тој говореше, па дури и се шегуваше, за борбата со алкохолот и дрогата. Вилијамс неодамна се врати “во центар за рехабилитација за да се справи со алкохолот, односно трезноста, извести Лос Анџелес тајмс во јули.

Беко издаде 15-тина студиски албуми и исто толку во живо сите од концертите во „Олимпија“. Снимил околу 400 композиции од кои како најпопуларен негов хит се смета „Натали“ на текст од Пјер Делано. Пееше и на други јазици, а и самиот беше вистински полиглот, течно зборуваше на шест јазици

По долго боледување денеска во Скопје почина Митко Мустачки Сокол. Соколот, како што го викаа неговите пријатели и музичари, беше познат гитарист на повеќе рок состави, меѓу кои и на Долар и Карамела

Чекате на аеродром да дојде време за вашиот лет и помалку ви е досадно? Ако имате среќа да сте на аеродром каде што е поставен клавир, можеби ќе можете да го скусите времето со импровизиран концерт.

Музичарот – самоук кој е познат по прекарот Рашо , во зима, во лето, со автобус или автостоп секој ден ја минува релацијата Куманово – Скопје за да заработи парче леб. Заедно со хармониката која е постара од него се бори за секој денар што го добива, сè дури обезбедувањето од трговскиот не го исфрли бидејќи нема добиено дозвола да свири на тие простори.

Елвир Мекиќ и Елена Петреска со државни пари ќе ги афирмираат семејните вредности, или многудетните семејства, а Ѓорѓи Крстевски и Јован Јованов се промовираа како композитори на народна песна- и двајцата познати музичари на домашната поп-сцена