Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Тоа беа денови“ – песна која буди интерес и по 90 години

0
By Нова ТВ on August 13, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 13, 2014 15:02

Автор: Михаил Мице Бошковски

Тоа беа денови… или на англиски „Those Were The Days“ е наслов кој во 1968 г. беше еден од најпопуларните хитови во светски размери. Песната ја испеа младата 18-годишна фолк пејачка Мери Хопкин (1950 – ), која претходно победи на едно тв-шоу за млади таленти.

Во тоа време, култната англиска манекенка Твиги му ја препорача на Пол Макартни и тој се заинтересира за неа и ја прифати во штотуку формираната дискографска куќа на „Битлси“ – „Епл рекордс“.

Мери Хопкин е првата пејачка што издаде плоча за оваа дискографска куќа. Песната „Тоа беа денови“ набргу стана хит. Ги симна „Битлси“ со „Еј Џуд“ од првото место и таму остана 6 недели. Како потписници на песната беа запишани Џин Раскин (1909 – 2004), автор и Пол Макартни (1942 – ) продуцент.

Но, дали беше така? Подоцна се откри дека Џин Раскин не е автор на песната и дека, всушност се работи за стара руска романса компонирана од Борис Фомин (1900 – 1948) на текст од Константин Подревски, околу 1918 г. А Џин Раскин, сепак имаше удел во авторството на плочата, бидејќи само текстот на англиски јазик беше негов. Тој ја чул песната од неговата мајка, по потекло русинка, го напишал англискиот текст и повремено ја изведувал со својата сопруга Франческа по локалните клубови.

На плоча први ја снимиле „Лајмлајтерс“ во 1962 г., фолк трио кое е познато по повеќе хитови, но не и по „Тоа беа денови“. Се се измени по интерпретацијата на Мери Хопкин, која патем речено и не направи некој друг позначаен хит освен учеството на Евровизија во 1970 г. со песната „Knock Knock Who’s There“ со пласман на второто место.

Инаку, Мери Хопкин, песната „Тоа беа денови“ ја сними и на шпански, италијански, француски и германски, а потоа се изредија и други изведувачи: Сенди Шо, Далида, Чиљола Чинквети, Вики Леандрос, Енгелберт Хампердинк, Иван Ребров, Доли Партон и други полски, чешки, романски, унгарски, хрватски, словенски и уште многу други од скоро сите континенти.

На руски јазик со оригиналниот текст „Дорогой длинною“(„Долг пат“), ја сними извонредната Грузијка Нани Брегвадзе (1938 – ) која имаше успешна интернационална кариера. Но ни таа не ја засени славата на Мери Хопкин. Кај нас, набргу по Мери Хопкин, за продукцијата на Радио Скопје на македонски јазик ја сними Љупка Димитровска, во периодот кога се уште не беше замината во Загреб.

Тоа е вториот дел од приказната за оваа песна на која, помалку или повеќе, повозрасните читатели секако се сеќаваат. Но, за вистинските почетоци на оваа бессмртна тема, има помалку веродостојни информации и многу контрадикторности.

Најреална е претпоставката дека таа е компонирана во екот на Октомвриската Револуција за пејачката Елизабета Белогорски, а снимена некаде во 1924 г. од Тамара Церетели (1900 – 1968).


фото: Тамара Церетели

Оваа Грузијка пеела во опера но и популарни песни. Таа е една од најзаслужните што не се спроведувала стриктно забраната од 1929 г. за пеење на руски и ромски романси која траела до 1950 г. Тогашните власти ги оквалификувале како „буржоаски“ и „контра револуционерни“, па ги фаворизирале само песните во кои се пеело за партијата, за победата, за револуцијата.

Но, Тамара Церетели имала добри односи со властите во Кремљ бидејќи често настапувала пред борците на кои, покрај од „подобните“ им пеела и по некоја „неподобна“ песна. Инаку таа се смета за една од најдобрите пејачки во своето време.

За популарноста на песната „Долг пат“ исто така големи заслуги има и Александар Вертински (1889 – 1957), сестран уметник: пејач, композитор, поет, актер, кој од средината на 20-тите години ја напушта Русија и со странски пасош престојувал во Турција, Полска, Германија, Франција, САД, па стигнал и до Кина.


фото: Александар Вертински

По повеќе обиди да се врати во татковината, конечно за време на Втората светска војна добива дозвола од руските власти.

И судбината на авторот Борис Фомин, кој бил образован, талентиран и еден од најдобрите композитори на романси, ни малку не била розова. Тој останал во Русија, но тешко се вклопувал во системот, па дури бил лажно обвинет и одлежал една година во затвор. Се претпоставува дека бил поштеден затоа што лично Сталин имал слабост кон неговите песни.

„Превоспитан“ повторно станал интересен за власта кога за време на Втората светска војна по нарачка почнал да компонира „подобни“ песни користени во пропагандни цели. По војната умрел од туберколоза во 1948 г. Од песната „Долг пат“, разни пејачи, инструменталисти, продуценти, текстописци, менаџери, дискографски куќи и др., заработиле големи пари. А тој и авторот на оригиналниот текст Константин Подревски – ништо, или само посмртна слава.

Иако од создавањето на песната се поминати повеќе од 90 години, таа се уште побудува интерес и вреди да се потрудите да ја најдете и чуете интерпретацијата на словенечката оперска пејачка Манца Измајлова. Ја пее на руски јазик во придружба на Државниот симфониски оркестар на Русија снимена на албумот „Словенска душа“, издаден пред неколку години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.