Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: КУЛТУРА
Еди Фишер стави свој печат на 50-тите години на минатиот век. Интерпретираше популарна музика која во тоа време добро пронаоѓаше на пазарот.А и тој самиот беше талентиран и умееше да и се додвори на публиката со исклучителниот шарм, милозвичниот баритон и привлечниот изглед. И не случајно имаше голем успех кај жените. Меѓу другото, промени пет жени од кои три се славни личности во сферата на филмот и музиката
Nespoon не го ограничува творештвото само со спреј, бои и матрици. За некои парчиња, таа ги дополнува пукнатините на тротоарите со цемент, а потоа ги украсува со елегантни дизајни. За други, таа креира мрежи на вистинска плетена чипка на јавните простори. Нејзината уметност е доказ дека речиси секој вид на уметнички медиум може да се донесе во јавни простори преку улична уметност
Според најавите, македонскиот поет наскоро треба да биде објавен и во превод на исландски и на летонски јазик
„Лили Марлен“ можела да се чуе во разни аранжмани, како марш, како свечена песна снимена со големи хорови и била неизбежен декор на сите масовни собири и прослави на кои Хитлер ја демонстрирал својата сила
Во светската популарна музика постојат повеќе примери на песни кои бројат десетици години од своето прво издавање, но кога ќе ја чуете повторно во некоја верзија што не сте ја слушнале пред тоа, во вас пак предизвикува возбуда како првпат да ја слушате. Една од нив, секако е „Les Feuilles Mortes“ („Мртви лисја“), слушната барем во стотина различни интерпретации, иако се претпоставува дека е снимена во преку 600 евидентирани верзии.
Утре вечер во 20 часот, во Домот на културата „Григор Прличев“ во Охрид ќе бидат промовирани „Избраните дела“ во пет тома од истакнатиот македонски поет, есеист, литературен критичар, преведувач и издавач Тодор Чаловски
Од денес па сe до петок, културната понуда на градот под Пелистер ќе биде збогатена со Фестивалот на фолклорни игри и песни „Илинденски денови“
Во почетокот,ја пееле само оперските пејачи, бидејки само тие со својот силен глас можеле да допрат до слушателот што седи во последниот ред од салата. Кога почнал да се употребува микрофонот била достапна и за останатите меѓу кои се: Бинг Крозби, Марти Робинс, Катерина Валенте, Елвис Присли (на англиски „No More“ во филмот „Blue Hawaii“), Дин Мартин, Хари Белафонте, Хулио Иглезиас… списокот нема крај
Еди Фишер стави свој печат на 50-тите години на минатиот век. Интерпретираше популарна музика која во тоа време добро проаѓаше на пазарот. А и тој самиот беше талентиран и умееше да и се додвори на публиката со исклучителниот шарм и милозвичниот баритон
Романот „Годината на смртта на Рикардо Реиш“ Жозе Сарамаго го објавил во 1984 година; за ова дело ја добил Независната награда за странска фикција во Англија и наградата на меѓународниот ПЕН
Уште при првите настапи како дете, Кончета Франконеро ја забележуваат некои музички продуценти. По нивна препорака го менува името во Кони Френсис и ја става во втор план хармониката и целосно се посветува на пеењето
Видеото е дрско наречено “Дебел човек број 3” – референца на корпулентниот изглед на семејството на Ким Јонг-ун – и за три и пол минути, го задева и го зафркава севернокорејскиот лидер