Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: КУЛТУРА
Од 26 до 30 септември петмина писатели ќе создаваат во Центарот за едукација и рекреација „Солферино“, на брегот на Охридското Езеро, во Струга. Новите творби на писателите треба да бидат уметнички прилог во артикулирањето на заедничката порака за вредностите во животот со подадена рака за меѓусебно разбирање
До крајот на 60-тите снима неколку албуми со кои не побудува голем интерес, но во 70-тите неговата музика станува сè послушана, а тој сè повеќе баран како пејач и композитор кој освојува први места на листите за популарност и одржува турнеи кои завршуваат со концерт во „Олимпија“
Џон Бон Џови и неговите соработници заедно ја поднесоа потребната документација во која ја изразија својата желба за купување на рагби тимот Билс
Нескротливиот темперамент на Брел полека излегува на површина. Тој, едноставно се побунува притив општата малограѓанштина што го опкружувала, против лажниот морал и црковните стеги, против државата што ги прикажувала нештата такви какви што не се, истовремено сакајќи да се избори за слобода на духот, мислата и правото за сопствено сфаќање на животот и љубовта. За остварување на овие свои идеали Брел го користи своето моќно оружје – музиката и поезијата
Бурната биографска приказна на славниот француски пејач, гитарист, текстописец и композитoр Енрико Масиас почнува далечната 1938 година. Бил почитуван, ценет и популарен и кај муслиманската и кај еврејската заедница. Откако го напуштил родниот град Констанин, Масиас во Алжир е прогласен за „персона нон грата“, со што државата остана покуса за светски талент, пејачот за мир, кој во своите дела често ја спомнуваше и татковината
Под отворено небо, љубителите на музиката, ќе имаат можност да присуствуваат на несекојдневен настан. За оркестарските аранжмани на музиката на Меј, е задолжен македонскиот музички уметник Емин Џијан
Читалната го носи името на великанот на книжевното творештво Славко Јаневски и токму во негова чест, беше прочитана негова поезија, а со извадок од романот ‘Девет Керубинови векови’ со настап на легендата на македонското глумиште, актерката Милица Стојанова. Ќерката на Јаневски, Јана, говореше за нејзиниот татко, за неговиот раскошен талент, за многуте животи во еден живот
Критичарите го нарекуваа „татко на италијанската канцона“ и со право, бидејќи со неговото појавување нагло пораснаа тиражите, а дискографската продукција и шоу бизнисот воопшто, прерасна во моќна индустриска гранка
Ќе се изведе дело на македонски јазик, но од странски автор, и вториот новитет е што македонските арии ќе ги пејат мои колеги италијанци. Во македонскиот дел од програмата неслучајно ставив и дело од Томислав Зографски, како еден омаж кон него по повод 80-годишнината од неговото раѓање, вели Нацоски
Писателката, која беше еден од најмоќните гласови во книжевниот свет против апартхејдот почина во својот дом по кратко боледување, соопшти нејзиното семејство. Нобеловиот комитет во 1991 соопшти дека и оддава признание на Гордимер за нејзиното “прекрасното епско пишување”, кое е од “многу голема корист за човештвото”
Со договор од страна на ФИФА, швајцарската фирма СИЛБАГ АГ од Луцерн, специјализирана за чистење на златото и металите, го ангажираше Амир Абдули од с. Пршовце – Тетово, кој имаше задача да го полира и поспремува пехарот на Светскиот Куп, за финалниот натпревар во фудбал помеѓу Германија и Аргентина
Адмир Мехмеди во дресот на репрезентацијата на Швајцарија стана првиот Албанец кој постигнал гол на Светското првенство, а од синоќа неговиот сограѓанин Шкодран Мустафи во дресот на репрезентацијата на Германија стана првиот Албанец од Гостивар, кој е светски првак во фудбал