Browsing: ПОЛИТИКА

Само 25 барања за азил во земјите од ЕУ поднесени од македонски граѓани биле одобрени во првиот квартал од оваа година, а 1310 биле одбиени јавува Радио Слободна Европа повикувајќи се на извештајот на Еуростат

Ние протестираме поради владините реклами, а власта оди уште еден чекор понатаму – ќе дава екстра пари, јавни пари во приватни бизниси. А намерата е многу јасна, уште повеќе да се засили контролата, вели Селмани за НОВА

„Сите сценарија се можни“, изјави претседателот на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24-ти декември Борче Давитковски за денешниот тек на работата на Комисијата во целосен состав

Управниот суд денеска на својата интернет страница ја објави пресудата, донесена на средината на јули, со која ја прогласил за неважечка продажбата на депонијата Дрисла, афера која што ја обелодени НОВА

Речиси 100 полициски службеници синоќа во Германија навлегоа во трибините растргнувајќи ги со солзавец навивачите на домашниот Шалке 04 на натпреварот од Лигата на Шампионите против грчки ПАОК

Неофицијално се тврди дека придавките и формулациите, како „грубо“, „значително“, „големо“, „мало“, се причината поради која не може да ги усогласат своите ставови членовите на ад хок комисијата

Новите закони за медиуми – проект за ставање под контрола и на печатените и интернет медиуми, како и дисциплинирање на електронските со казни, за да не мораат да се поткупуваат со реклами, стои во соопштението на ССНМ

Главен проблем се планираните градежни активности на простор на кој се реализираат археолошки истражувања – вакви предупредавања дава чешкиот експерт во УНЕСКО, надлежен за Европа, Петра Тотхарова

За изградбата на новата фонтана на плоштад Ма­ке­до­ни­ја властите од Град Скопје не кажуваат колку ќе чини реновирањето на Плоштадот, туку само дека 2/3 од парите ќе ги обезбеди Владата, а останатите Градот