Browsing: ПОЛИТИКА

Групата „Македонски манифист“денеска на плоштадот „Македонија“ го запали Букурешкиот договор. Aндов за Фокус: Барањата да не важи веќе Букурешкиот договор ги поддржуваат блиски луѓе до Владата, а имам впечаток и премиерот. Тоа ли е патриотизам?! Ако го нема Букурешкиот договор, ќе ја нема и Македонија!

Истражувачката група Ситизен лаб од Универзитетот во Торонто, неодамна објави податоци за малициозен софтвер наречен ФинФишер кои покажуваат дека го користат 11 земји, меѓу кои и Македонија

Судскиот процес за случајот „Ликвидација“, во кој еден од осумте обвинети е и новинарот Томислав Кежаровски, започнува денеска во Кривичниот суд во Скопје. Пред судот се наоѓаат колегите новинари на Кежаровски кои бараат тој да брани од слобода

Средба Обама – Самарас: Во изјавите се задржаа на грчката задолженост, Кипар и енергетските резерви на Медитеранот, но не кажаа дали се разговарало за името.

Одлуката со која Град Скопје сака да ја врати калдрмата на плоштадот не може никако да се оправда од аспект на архитектурата, градежништвото, урбанизмот, па и естетиката, вели професорот Мирослав Грчев

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, со помош на полицијата да ги идентификуваат лицата кои им попречиле да присуствуваат на вчерашната вонредна седница на Советот пред хотелот Бристол

Семејствата на загинатите бранители побараа државата покрај плочата со имињата на загинатите кај Карпалак да постави спомен обележје како своевиден знак за благодарност кон тие што загинале во нејзино име