Browsing: ПОЛИТИКА

Жителите на општината Чаир и денеска протестираа против изградба на згради на местото на паркот во општината. Со пораки напишани и извикувани и на македонски и на албански се надеваат дека ќе издејствуваат промена на ДУП

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, денеска се сретна со помошник заменикот-државен секретар на САД Филип Рикер и со американскиот амбасадорот во Македонија, Пол Волерс

Комисијата за 24 декември ќе ги разгледа сите снимки од собранието од клучниот ден, но ќе побара и мислења и додатни снимки од инволвираните партии, вели Борче Давитковски, претседател на Комисијата

Во минатиот мандат градоначалникот Тодоровиќ ја зголеми бројката за 70 вработени,
односно од 65 на 135 – реагираат од општина Центар на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека градоначалникот Жерновски незаконски вработувал

Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска информираше дека лекарите и другите вработени во болниците не го почитувале работното време. Ова го утвдиле инспекциите што ненајавено проверувале повеќе клиники и болници

Вработувања во општина Центар не се во нормалната законска постапка, со распишан конкурс на кој ќе може да се пријават сите невработени граѓани, туку се директна и лична одлука на градоначалникот Жерновски, изјави советникот Томислав Лазаров

На Балканот треба да се гледа низ призма на иднината, не на минатото, неопходна му е целосна интеграција кон Европската унија и побрз економски раст и подинамичен економски развој, се вели во резолуцијата на Ротари конференцијата што се одржа во Охрид

„По ова прашање малку сум загрижена, ние видовме одреден развој на настаните во сопственичката структура на медиумите коишто не се во насока на поддршка на слободата на медиумите“, вели германската амбасадорка Гудрун Штајнакер