Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штајнакер: Загрижена сум за слободата на медиумите

0
By Нова ТВ on June 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 16, 2013 10:10

„Не треба да се има премногу очекувања од самитот на ЕУ во јуни, затоа што така може да има и разочарување, но исто така никогаш не велете не.“

На минатиот самит заклучоците беа позитивни и охрабрувачки за Македонија и јас лично многу се надевам дека самитот на ЕУ најмалку што ќе даде е добра позитивна и охрабрувачка порака за Македонија, вели германската амбасадорка Гудрун Штајнакер во неделното интервју на Радио Слободна Европа

Амбасадорката Штајнакер е загрижена за слободата на медиумите во Македонија

„По ова прашање малку сум загрижена, ние видовме одреден развој на настаните во сопственичката структура на медиумите коишто не се во насока на поддршка на слободата на медиумите. Исто така, тоа што јас го видов во разговор со многу новинари е дека има присуство на некаков вид на страв, можеби тоа е пресилен збор, но повторно и повторно има новинарски текстови за различни видови притисок и тоа не е добар знак. И мислам дека, а сигурна сум дека владата е свесна за тоа, дека ова треба да се реши многу сериозно.“, вели амбасадорката Штајнакер

Во врска со протестите во скопската општина Центар, Штајнакер, таа вели дека не го разбира мотивот за нив.

„Морам да кажам дека на почетокот бев малку збунета, патував за време на викендот и се информирав на Интернет. Мислам дека протестот најверојатно беше против некои одлуки и тоа е нешто што јас не го разбирам во врска со овие демонстрации, бидејќи според моите информации и она што го гледам, морам да признаам се информирам претежно од интернет, и забележувам дека протестираат против нешто што воопшто не е ставено под знак прашалник, и тогаш се прашувам кој го организира тоа, кој е позади тие демонстрации.

Јас би сакала да знам, јас не знам, јас не сум инспектор, но мислам, јас сум загрижена за тоа што се случува таму, зошто овие луѓе протестираат против нешто што не е ни под прашање. И тие не можат да ги одговорат овие прашања, барем тоа го видов на Интернет. Јас сум малку загрижена бидејќи имам впечаток дека има манипулација во позадина на ова, но „што, како и кој“, јас не знам, но тоа оди веќе далеку, новинари се лично напаѓани, уништен е имот и мислам дека тогаш властите, надлежните власти, а тоа е Министерството за внатрешни работи и полицијата треба да реагираат адекватно и да истражат што точно се случува“, вели германската амбасадорка во интервјуто на Радио Слободна Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.