Browsing: ПОЛИТИКА

„Транспарентност Македонија“ денеска излезе со апел до Катастарот да ја исправи грешката, со оглед на фактот што стотици и илјадници веќе избришани хипотеки повторно се појавуваат во имотните листови. Катастар за НОВА: Неосновани се овие обвинувања, се е според законот

ТМ предупредува дека власта ескалира во правец на насилство во својот однос кон оние новинари и некои медиуми кои не известуваат онака како што тоа го замислила пропагандната канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ

Според податоците од СВР Охрид, пожарот настанал рано утрово во импровизираната барака во близина на болницата „Свети Еразмо“. Пожарникарите ги пронашле двете јагленисани тела на мајката и бебето

Mакедонската математичка репрезентација оди на натпревар на Светска Олимпијада по математика во Колумбија и сите трошоци ги покриваат самите натпреварувачи. Државата одбива да им помогне на македонските умови

Контроверзниот бизнисмен Субрата Рој, денеска во Охрид го посетува локалитетот Љубаниште, каде, според најавите, индискиот инвеститор заради проневери е на суд во Индија и му се заканува затвор, со македонските власти најави градење на туристички комплекс

Во кулата ќе бидат сместени предавателите на македонските оператори, и антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенциите. На врвот, ќе има канцелариски простории, но, и ротирачки ресторан од кој посетителите ќе можат да го гледаат Скопје